CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Thursday, 10 October 2013

"ВИДОВИТИОТ" ЖОЗЕ МУРИЊО...

-  Мурињо: Имам способност да ги предвидувам ситуациите

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо раскажа каква е причината да останува ладнокрвни за време на натпреварите на својот тим.
"Не се нервирам за време на натпреварите или го прават многу малку, бидејќи имам способноста да ги предвидувам ситуациите. Ова се нарекува интуиција и искрено, тоа ми помага многу. Кога во натпреварот со Норич Ба промаши на празен гол, јас веќе знаев, дека противникот ќе го израмни резултатот", изјави Мурињо.

ЛУКАКУ САКА ДА ПОСТИГНЕ ПОВЕЌЕ ГОЛОВИ ОД НАПАЃАЧИТЕ НА ЧЕЛСИ

-  Лукаку сака да го постигне повеќе голови од сите напаѓачи на Челси

Напаѓачот на Евертон, Ромелу Лукаку вели, дека негова цел оваа сезона е да постигне повеќе голови од сите напаѓачи на Челси.
"Одлуките се донесуваат од менаџерот и како играч, морам да ги почитувам. Решив да си заминам, а сега треба да докажам, дека Мурињо погрешил. Единственото што го можам е да играм добро и да постигнувам многу голови. Мислам, дека по тоа луѓето ќе одредат дали сум добар играч. Сакам да постигнам повеќе погодоци од напаѓачите на Челси. Ќе видиме на крајот на сезоната чиј избор се покажал подобар ", изјави Лукаку.  
Кој неодамна призна, дека лично тој го замолил Жозе Мурињо да му дозволи да си замине од "Стемфорд Бриџ.

АРСЕНАЛ ГО ПОСАКУВА ГУЗАН.

-  Арсенал го следи Брад Гузан

Лидерот на табелата во Премиер лигата, Арсенал е заинтересиран за голманот на Астон Вила и националниот тим на САД, Брад Гузан. Според американски извори, францускиот специјалист внимателно г оследи 29-годишниот Гузан, при што неговата Астон Вила не знае за пораз веќе во три последователни натпревари и во моменално е на десеттото место на табелата во Премиер лигата.
Овој интерес се појавил уште по првото коло на Премиер лигата, кога Вила го победија со 3:1 Арсенал на "Емирејтс". Оттогаш досега, скаутите на лондонскиот тим два пати ја набљудувале играта на американскиот голман.

ЧИЧАРИТО САКА ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ЗА ИГРА

-  Чичарито мисли за напуштање на Олд Трафорд

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез ја навести својата подготвеност за напуштање на клубот во потрага по редовно време за игра.
"Јас се стремам кон тоа (повеќе натпревари како стартер). Работам во оваа насока многу сериозно и сакам да изборам место во стартната постава. Знам, дека морто претставувањето на теренот ќе ми овозможи да ги постигнам своите цели, овде или во некој друг клуб. Четврта година сум тука и како и секогаш сум зборувал, среќен сум што ја имам можност да играм за еден од најдобрите клубови во светот и секојдневно се трудам со сите сили, поради поголемо количество минути на теренот. Само сакам да добијам можност, за да покажам на што сум способен, бидејќи сите ние сакаме да го дадеме свој придонес за тоа екипата повторно да стане шампион", изјави Ернандез.

Wednesday, 9 October 2013

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛИВЕРПУЛ ТИПУВА НА ТОП 4, ОВАА СЕЗОНА.

-  Претседателот на Ливерпул: Ќе се квалификуваме во Лигата на Шампионите и Суарез ќе биде задоволен

Претседателот на Ливерпул, Том Варнер верува, дека оваа сезона Ливерпул ќе успее да влезе во топ 4 и на тој начин да се реализира огромната желба на Луис Суарез да игра во Лигата на Шампионите.
"Во летото имаше интерес од страна на други клубови кон него, но за нас беше важно да се обидеме да го задржиме. Тој е еден од најдобрите играчи во светот и ние чувствувавме, дека тимот ќе биде многу посилен со него, отколку без него. Тоа не значи, дека јас не ја почитувам неговата огромна желба да игра во Лигата на Шампионите. Ќе бидеме многу среќни во месец Мај, кога ќе завршиме во топ 4 и ќе се квалификуваме за учество во Лигата на Шампионите и Суарез ќе биде дел од сето тоа. Нашата намера е да го задржиме. Сакаме да изградиме еден победнички клуб и тој е составен дел од тоа. Минатото си е минато, јас лично сум многу приврзан кон Суарез", изјави Варнер.

ОЗИЛ: РАНО Е ЗА ТИТУЛАТА.

-  Озил: Рано е да размислуваме за титулата

Плејмејкерот на Арсенал, Месут Озил смета, дека сезоната е во многу рана фаза, за да се процени дали "топџиите" имаат шанси да се борат за шампионската титула.
"Одлично е, дека сме на чело на табелата, но сите знаеме, дека сезоната е долга. Премногу рано е да коментираме дали сме способни да ја освоиме титулата. Сигурно е само, дека ќе продолжиме да играме со истата концентрација во секој натпревар и да стануваме се подобри. Ако го направиме, можеме да постигнеме многу. За мене Премиер лигата е најсилното првенство во светот. Секој натпревар е огромен предизвик. Мило ми е што имам можност да го правам она што го сакам најмногу. Генерално, не чувствувам голем притисок кога сум на теренот. Зафатен сум само со тоа, да се претставувам колку што може подобро и да сум корисен за тимот", изјави Озил.


БЕРГКАМП САКА ДА БИДЕ ТРЕНЕР ВО АРСЕНАЛ.

-  Бергкамп сака да се врати во Арсенал

Еден од легендарните играчи на Арсенал, Денис Бергкамп, призна дека има желба да се врати на "Емирејтс" во улогата на тренер.
"Времето поминато во Арсенал, беше многу добро. Секогаш сум се забавувал. Не сум имал лош ден таму. Арсенал секогаш е присутен во моите мисли. Дел од моите амбиции се поврзани со тоа да се врати таму во некоја фаза. Не можам да ја испланирам точно иднината. Знам, дека ќе бидам во Ајакс барем во наредните 3 или 5 години. Потоа не знам. Не се гледам во Ајакс за време на целата своја тренерска кариера. Не се гледам и како менаџер. Напротив, се гледам себе си како дел од тренерски тим. Оваа улога ми се допаѓа, особено во делот кога одржувам индивидуални тренинзи со напаѓачите. Сум зборувал и со Патрик Виеира и Тиери Анри. Тие, исто така, со задоволство би се вратиле во Арсенал еден ден. Тони Адамс исто така е многу сериозна опција", изјави Бергкамп.


ВИЛШЕР: НЕ ЗБОРУВАВ ЗА ЈАНУЗАЈ, А ЗА НАЦИОНАЛНАТА ПРИПАНДНОСТ.

-  Вилшир прецизира: Не сум зборувал за Јанузај, тоа е лошо новинарство

Халфот на англиската репрезентација Џак Вилшер го искористи својот профил на социјалната мрежа "Твитер", за да каже, дека не го визирал Аднан Јанузај во изјавата за странските фудбалери и можноста тие да игра за националниот тим на Англија. Утрово во медиумите на Островот водечките наслови гласеа, дека Вилшер не го сака Јанузај во националниот тим. Халфот на Арсенал, сепак, истакна дека неговата изјава била принципиелна и тој воопшто не го засегала младиот талент на Манчестер Јунајтед, кого го смета за одличен фудбалер. 
"Сакам само да појаснам неколку работи ... Повторно! Тоа изгледа станува тренд во оваа земја. Според мене тоа е лошо новинарство. Мојата изјавата не се однесуваше за Јанузај. Прашањето беше, дали воопшто странците треба да имаат можност да играат за Англија. Според мене не би требало да е така. А Јанузај е одличен фудбалер. Посакувам да беше англичанец. Сигурен сум, дека повеќето од вас ќе се согласат со мене, иако некои новинари се обидуваат повторно да ме извадат лош ", изјави Вилшер.


САЊА МОЖЕ ДА СИ ЗАМИНЕ ОД АРСЕНАЛ...

-  Сања си заминува од Арсенал како слободен агент

Дефанзивецот на Арсенал, Бакар Сања не сака да го обнови договорот со клубот. Десниот бек е обврзан со "топџиите" до летото 2014 година и планира да си замине од "Емирејтс" како слободен агент. Најверојатно 30-годишниот француски репрезентативец ќе се врати во својата татковина. Интерес за него пројавуваат ПСЖ и Монако, но и турските клубови Галатасарај и Фенербахче. Сања заработува по 60 000 фунти неделно во Арсенал. Уште на крајот на минатата сезона клубот му понуди нов едногодишен договор под истите финансиски услови, но фудбалерот ја одби понудата.

ВЕРТОНГЕН САКА ЈАНУЗАЈ ДА ИГРА ЗА БЕЛГИЈА.

-  Вертонген сака Јанузај да игра за Белгија

Дефанзивецот на Тотнем, Јан Вертонген сака, младата надеж на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај да игра за националниот тим на Белгија.
"Ајде, дојди да играш за Белгија, тука се случуваат некои многу добри нешта! Се надевам, дека тој ќе не избере нас. Го гледав натпреварот против Сандерленд и тој ми направи впечаток како многу добар фудбалер. Сепак, тоа е негов избор и тој треба да го послуша своето срцето. Но јас можам да го советувам да дојде кај нас, бидејќи тука имаме многу добар тим", изјави Вертонген.


ЕТО: ИЗНЕНАДЕН ОД ФИЗИЧКИТЕ ДУЕЛИ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА.

-  Ето изненаден од физичките дуели во Премиер лигата

Напаѓачот на Челси, Самуел Ето призна, дека останал изненаден од сериозните физички дуели во натпреварите во Премиер лигата.
"Веќе забележав, дека фудбалот во Англија е доста цврст, има повеќе дуели отколку во другите првенства. Сеуште немав доволно време, затоа продолжувам да работам, за да се навикнам на новата средина и да ја подобрам играта. Секој натпревар е важен и јас го разбирам тоа. Дојдов тука, бидејќи сакам да играм за Челси и се насладувам на фудбалот. Во секоја средба излегувам соист став. Без разлика на тоа, на каков пост ќе ме става тренерот, најважно е да играм фудбал. Моите соиграчи ми помагаат многу, како и тренерскиот штаб. Мислам, дека веќе се навикнувам со ситуацијата во тимот", изјави Ето.

ПОДОЛСКИ СЕ ВРАЌА ВО ИГРА.

-  Подолски блиску до враќање во игра

Напаѓачот на Арсенал, Лукас Подолски објави, дека е блиску до враќање во игра. Фудбалерот лекува истегнување на бутниот мускул добиен во плејофот за пласман во Лигата на Шампионите во Август. Се очекуваше тој да биде надвор од терените околу три месеци, но сега има шанса да се врати во игра побрзо од очекуваното. 
"Интензивна недела на тренирање е при крај. Работам напорно за да се врати во игра", напиша Подолски во Инстаграм. Тој, исто така, објави слика на која ги покажува мускулите.

ОСВАЛДО: НАМEСТО ГОЛОВИ, РЕАЛИЗИРА ДЕЦА : ))

- Освалдо чека дете од трета жена

Италијанскиот репрезентативец Пабло Освалдо очекува четврто дете од трета различна жена, откако неговата девојка Химена Барон призна, дека е бремена. Поранешните жени на напаѓачот на Саутхемптон веднаш се нафрлија врз играчот и аргентинската актерка. Нина Јотлингер, која е мајка на неговиот најстар син, изјави, дека тој не треба да прави нови деца, бидејќи не се грижи за првото дете. Таа сеуште е негова сопруга, бидејќи постапката за развод не им е завршена. Фудбалерот има и две ќерки од Елена Брачини. 
ХАХА : )))

ПОЛ ИНС НЕМА ДА ГО ПРЕДВОДИ БЛЕКПУЛ НА 5 НАТПРЕВАРИ.

-  Го казнија Пол Инс со 5 натпревари

Менаџерот на Блекпул, Пол Инс доби казна од 5 натпревари, откако беше прогласен за виновен по 3 обвиненија кои му беа покренати од Фудбалската асоцијација.
Поранешниот капитен на Англија и играч на Ливерпул, Интер и Манчестер Јунајтед, ги испушти нервите по натпреварот со Борнемут на 14 Септември.
Тогаш тој беше избркан на трибините, откако разлути фрли шише со вода на земјата, но сериозните престапи му се случиле по последниот судиски сигнал околу тунелот. Инс беше обвинет и прогласен за виновен поради упатените навреди кон судија, заплашување на арбитер и грубо однесување кон судија. Поради тоа, тој нема да го води тимот во дуелите против Виган, Блекбурн, Нотингем ,Ипсвич и Бирмингем.
"ФК Блекпул ќе работи заедно со Пол и неговите асистенти, за да се осигура, дека изречената казна нема да влијае врз целите на тимот на долг или краток рок ", се вели во официјалното соопштение на клубот.

ЕВРА: ЈУНАЈТЕД ЗГРЕШИ СО ПРОДАЖБАТА НА ПОГБА.

-  Евра: Заминувањето на Погба беше огромна загуба за Манчестер Јунајтед

Патрис Евра верува, дека Манчестер Јунајтед претрпел "огромна загуба", кога Пол Погба го напушти тимот за да игра во Јувентус. Евра признава, дека неговиот недостаток е голем минус за Јунајтед.
"Талентот на Погб , неговата агресија, неговото присуство на теренот, тоа се среќава многу ретко. Тој брзо ја стекна почитта на играчи како Рајан Гигс и Пол Сколс. Точно е, дека треба да импресионираш и менаџерот, но е импресивно толку брзо да ја освоиш соблекувалната на своја страна. Навистина беше голема загуба, кога тој го напушти клубот", вели Евра за својот сонародник пред француската "TF1".