- Вилшир прецизира: Не сум зборувал за Јанузај, тоа е лошо новинарство
Халфот на англиската репрезентација Џак Вилшер го искористи својот профил на социјалната мрежа "Твитер", за да каже, дека не го визирал Аднан Јанузај во изјавата за странските фудбалери и можноста тие да игра за националниот тим на Англија. Утрово во медиумите на Островот водечките наслови гласеа, дека Вилшер не го сака Јанузај во националниот тим. Халфот на Арсенал, сепак, истакна дека неговата изјава била принципиелна и тој воопшто не го засегала младиот талент на Манчестер Јунајтед, кого го смета за одличен фудбалер.
"Сакам само да појаснам неколку работи ... Повторно! Тоа изгледа станува тренд во оваа земја. Според мене тоа е лошо новинарство. Мојата изјавата не се однесуваше за Јанузај. Прашањето беше, дали воопшто странците треба да имаат можност да играат за Англија. Според мене не би требало да е така. А Јанузај е одличен фудбалер. Посакувам да беше англичанец. Сигурен сум, дека повеќето од вас ќе се согласат со мене, иако некои новинари се обидуваат повторно да ме извадат лош ", изјави Вилшер.

No comments:
Post a Comment