CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Wednesday, 9 October 2013

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛИВЕРПУЛ ТИПУВА НА ТОП 4, ОВАА СЕЗОНА.

-  Претседателот на Ливерпул: Ќе се квалификуваме во Лигата на Шампионите и Суарез ќе биде задоволен

Претседателот на Ливерпул, Том Варнер верува, дека оваа сезона Ливерпул ќе успее да влезе во топ 4 и на тој начин да се реализира огромната желба на Луис Суарез да игра во Лигата на Шампионите.
"Во летото имаше интерес од страна на други клубови кон него, но за нас беше важно да се обидеме да го задржиме. Тој е еден од најдобрите играчи во светот и ние чувствувавме, дека тимот ќе биде многу посилен со него, отколку без него. Тоа не значи, дека јас не ја почитувам неговата огромна желба да игра во Лигата на Шампионите. Ќе бидеме многу среќни во месец Мај, кога ќе завршиме во топ 4 и ќе се квалификуваме за учество во Лигата на Шампионите и Суарез ќе биде дел од сето тоа. Нашата намера е да го задржиме. Сакаме да изградиме еден победнички клуб и тој е составен дел од тоа. Минатото си е минато, јас лично сум многу приврзан кон Суарез", изјави Варнер.

No comments:

Post a Comment