CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Wednesday, 9 October 2013

ПОЛ ИНС НЕМА ДА ГО ПРЕДВОДИ БЛЕКПУЛ НА 5 НАТПРЕВАРИ.

-  Го казнија Пол Инс со 5 натпревари

Менаџерот на Блекпул, Пол Инс доби казна од 5 натпревари, откако беше прогласен за виновен по 3 обвиненија кои му беа покренати од Фудбалската асоцијација.
Поранешниот капитен на Англија и играч на Ливерпул, Интер и Манчестер Јунајтед, ги испушти нервите по натпреварот со Борнемут на 14 Септември.
Тогаш тој беше избркан на трибините, откако разлути фрли шише со вода на земјата, но сериозните престапи му се случиле по последниот судиски сигнал околу тунелот. Инс беше обвинет и прогласен за виновен поради упатените навреди кон судија, заплашување на арбитер и грубо однесување кон судија. Поради тоа, тој нема да го води тимот во дуелите против Виган, Блекбурн, Нотингем ,Ипсвич и Бирмингем.
"ФК Блекпул ќе работи заедно со Пол и неговите асистенти, за да се осигура, дека изречената казна нема да влијае врз целите на тимот на долг или краток рок ", се вели во официјалното соопштение на клубот.

No comments:

Post a Comment