- Ето изненаден од физичките дуели во Премиер лигата
Напаѓачот на Челси, Самуел Ето призна, дека останал изненаден од сериозните физички дуели во натпреварите во Премиер лигата.
"Веќе забележав, дека фудбалот во Англија е доста цврст, има повеќе дуели отколку во другите првенства. Сеуште немав доволно време, затоа продолжувам да работам, за да се навикнам на новата средина и да ја подобрам играта. Секој натпревар е важен и јас го разбирам тоа. Дојдов тука, бидејќи сакам да играм за Челси и се насладувам на фудбалот. Во секоја средба излегувам соист став. Без разлика на тоа, на каков пост ќе ме става тренерот, најважно е да играм фудбал. Моите соиграчи ми помагаат многу, како и тренерскиот штаб. Мислам, дека веќе се навикнувам со ситуацијата во тимот", изјави Ето.

No comments:
Post a Comment