- Евра: Заминувањето на Погба беше огромна загуба за Манчестер Јунајтед
Патрис Евра верува, дека Манчестер Јунајтед претрпел "огромна загуба", кога Пол Погба го напушти тимот за да игра во Јувентус. Евра признава, дека неговиот недостаток е голем минус за Јунајтед.
"Талентот на Погб , неговата агресија, неговото присуство на теренот, тоа се среќава многу ретко. Тој брзо ја стекна почитта на играчи како Рајан Гигс и Пол Сколс. Точно е, дека треба да импресионираш и менаџерот, но е импресивно толку брзо да ја освоиш соблекувалната на своја страна. Навистина беше голема загуба, кога тој го напушти клубот", вели Евра за својот сонародник пред француската "TF1".

No comments:
Post a Comment