- Бергкамп сака да се врати во Арсенал
Еден од легендарните играчи на Арсенал, Денис Бергкамп, призна дека има желба да се врати на "Емирејтс" во улогата на тренер.
"Времето поминато во Арсенал, беше многу добро. Секогаш сум се забавувал. Не сум имал лош ден таму. Арсенал секогаш е присутен во моите мисли. Дел од моите амбиции се поврзани со тоа да се врати таму во некоја фаза. Не можам да ја испланирам точно иднината. Знам, дека ќе бидам во Ајакс барем во наредните 3 или 5 години. Потоа не знам. Не се гледам во Ајакс за време на целата своја тренерска кариера. Не се гледам и како менаџер. Напротив, се гледам себе си како дел од тренерски тим. Оваа улога ми се допаѓа, особено во делот кога одржувам индивидуални тренинзи со напаѓачите. Сум зборувал и со Патрик Виеира и Тиери Анри. Тие, исто така, со задоволство би се вратиле во Арсенал еден ден. Тони Адамс исто така е многу сериозна опција", изјави Бергкамп.

No comments:
Post a Comment