- Озил: Рано е да размислуваме за титулата
Плејмејкерот на Арсенал, Месут Озил смета, дека сезоната е во многу рана фаза, за да се процени дали "топџиите" имаат шанси да се борат за шампионската титула.
"Одлично е, дека сме на чело на табелата, но сите знаеме, дека сезоната е долга. Премногу рано е да коментираме дали сме способни да ја освоиме титулата. Сигурно е само, дека ќе продолжиме да играме со истата концентрација во секој натпревар и да стануваме се подобри. Ако го направиме, можеме да постигнеме многу. За мене Премиер лигата е најсилното првенство во светот. Секој натпревар е огромен предизвик. Мило ми е што имам можност да го правам она што го сакам најмногу. Генерално, не чувствувам голем притисок кога сум на теренот. Зафатен сум само со тоа, да се претставувам колку што може подобро и да сум корисен за тимот", изјави Озил.

No comments:
Post a Comment