- Вертонген сака Јанузај да игра за Белгија
Дефанзивецот на Тотнем, Јан Вертонген сака, младата надеж на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај да игра за националниот тим на Белгија.
"Ајде, дојди да играш за Белгија, тука се случуваат некои многу добри нешта! Се надевам, дека тој ќе не избере нас. Го гледав натпреварот против Сандерленд и тој ми направи впечаток како многу добар фудбалер. Сепак, тоа е негов избор и тој треба да го послуша своето срцето. Но јас можам да го советувам да дојде кај нас, бидејќи тука имаме многу добар тим", изјави Вертонген.

No comments:
Post a Comment