Monday, 7 October 2013

ФЕЛАИНИ АУТ СЕДУМ НЕДЕЛИ ОД ТЕРЕНИТЕ.

-  Удар за Манчестер Јунајтед, Фелаини аут за седум недели

Новото засилување на Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини , за кого шампионите платија 27,5 милиони фунти, по секоја веројатност ќе отсуствува од игра околу седум недели, соопшти ESPN. Причината за ова е што белгиецот има оштетени лигаменти на зглоб на раката и ќе мора да се подложи на операција. Халфот доби повредата за време на тренингот, а потоа го пропушти гостувањето на Сандерленд во Сабота. Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс изјави, дека денес Фелаини треба да биде прегледан од специјалист. По прегледот, сепак дојдоа и лоши вести за подолгото отсуство не поранешната ѕвезда на Евертон.
Информациите се уште не е потврдена официјално од клубот.

РУНИ СО ПОДДРШКА ЗА МОЈС И ЈАНУЗАЈ

-  Руни: Треба да се претсттавиме значително подобро во името на Мојс

Вејн Руни повика Манчестер Јунајтед да се обедини околу работата на новиот клупски менаџер Дејвид Мојс .
"Имавме потреба од овие три бода. Победа како оваа може да ги преврти работите. Мислам дека ние, играчите знаеме дека не се претставивме доволно добро до овој момент. Менаџерот е под притисок, но тимот мора да го поддржи. Сите треба да се обединиме околу неговата работа. Да покажеме повеќе борбеност и работите ќе си дојдат на местото. Оваа сезона ќе биде преодна, бидејќи Мојс има различни методи на работа. Ние треба да се адаптираме кон нив. Заради него треба да се прават работите значително подобро", изјави Руни.
"Јанузај ? Тоа е талентиран фудбалер, тој е уверен во себе и тоа е пријатно да се гледа. Многу млади фудбалери понекогаш се затворени и се однесуваат многу скромно, но тој се чувствува удобно и е убеден во сопствените сили. Убаво е, што менаџерот му даде на Јанузај можност да се докаже, поради тоа што се случи со нас во последните средби. Тимот беше подложен на голем притисок, но Мојс му поверува и тој се исплати за тоа", заврши Руни.

ЈАНУЗАЈ СО СВОЈАТА ИГРА СИ ОБЕЗБЕДИ НОВ ДОГОВОР СО ЈУНАЈТЕД.

-  Јунајтед му нуди нов договор на Јанузај

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе му предложи нов договор на талентот Аднан Јанузај. Според информациите, "црвените ѓаволи" се подготвени да му понудат на младиот играч по 60 илјади фунти неделно, за да стави потпис на нов договор, а исто така ќе го регистрираат и во составот за Лигата на Шампионите. Младиот белгиец остава постојано добри впечатоци со настапите, токму тој беше херој за тимот при успехот со 2:1 над Сандерленд, постигнувајќи ги и двата гола во натпреварот. 18 -годишниот Јанузај е производ на младинската школа на Андерлехт, но беше доведен на "Олд Трафорд" пред две години. Талентот е сеуште со јуниорски договор, кој истекува на крајот на сезоната. Од Јунајтед сепак се решени да не дозволат тој да биде "украден" од друг тим во текот на летото, како што се случи со Пол Погба во 2012 година. Токму поради тоа шефовите ќе побрзаат да го обврзат со нов долгорочен договор.

ПАРДЈУ ГО САКА РЕМИ ЗА ПОСТОЈАНО ВО СВОЈОТ ТИМ.

-  Пардју сака да го задржи Реми за постојано

Менаџерот на Њукасл, Алан Пардју сака да го задржи напаѓачот Лоик Реми за постојано во составот. Во моментов французинот игра, како позајмен играч во " страчките " од Квинс Парк Ренџерс.
"Сакав да го земеме уште во Јануари. Јас уште се сеќавам како мислевме, дека сме склучиле договор. Пиевме по една чаша вино, ги стиснавме рацете, а следниот ден тој не беше кај нас. Понекогаш сепак, само треба да почекаш, за да се случи нешто. Сега сме среќни, што Реми е кај нас. Според мене тој игра врвно и не само поради двата гола, а и заради неговиот труд. Се, што прави е многу компетентно. Лоик е играч кој влегува во нашите планови, но во моментов тој останува во сопственост на КПР. Интересно е, што Хари Реднап изјави дека најверојатно нема да го враќа во составот, но ќе треба да почекаме и да видиме", изјави Пердју.


БЕНТ: ЈОЛ Е ВИСТИНСКИОТ ЧОВЕК ЗА ФУЛАМ.

-  Дарен Бент: Јол е вистинскиот човек за Фулам

Напаѓачот Дарен Бент го поддржа менаџерот на Фулам,Мартин Јол.
"Во таква лигата секогаш си под притисок, особено кога имаш неколку последователни слаби резултати. При вакви случаи најтешко се победува, но ние ги освоивме трите бодови. Сите фудбалери го поддржуваат менаџерот. Мартин Јол е вистинскиот човек, кој треба да го раководи Фулам. Се надевам, дека тој ќе остане на чело на тимот долго време", коментира Дарен Бент.


БИГ СЕМ ЗАДОВОЛЕН ОД ПОБЕДАТА НА ВЕСТ ХЕМ.

-  Големиот Сем: Тактиката ни проработи

Менаџерот на Вест Хем, Сем Алардајс го коментира триумфот над Тотнем со 3:0, кој веројатно му овозможува да остане уште време на чело на тимот .
"Сакавме да играме без чист напаѓач, а да напаѓаме со повеќе луѓе од средината на теренот, што има повеќе вклучивања од втората позиција. Крилата во лицето на Ваш Те и Даунинг влегуваа во средината и ги забунија нивните централни дефанзивци, кои не знаеја против кого всушност се соочуваат. Третиот гол беше јасно олицетворение на она кон што се стремевме. Убаво е, што планираното од наша страна се оствари, но ако работите не се развиеја така, сигурно ќе добиев многу критики. Момчињата беа брилијантни и ја заслужија победата. Имавме потреба од поени. Не бев загрижен толку многу за нашето претставувањето како целина, колку за тоа, дека тешко постигнуваме голови. Засега се оствари. И трите наши погодока беа различни, статична ситуација, имавме среќа при вториот гол, а третиот беше навистина генијален", изјави Алардајс. 

ЧЕХ ЗАДОВОЛЕН ОД ПОБЕДАТА ПРОТИВ НОРИЧ.

-  Петар Чех очекува Челси да продолжи својот развиток

Петар Чех се надева, Челси да го продолжи своојот развиток под водство на Жозе Мурињо по успехот со 3:1 над Норич.
"Секогаш е убаво да го почнеш силно шампионатот и се надеваме да играме уште подобро со секој изминат натпревар. Денес победата беше важна, особено откако дозволивме изедначување доста доцна по паузата. Тоа е нов чекор напред. Го контролиравме натпреварот во првиот дел и можевме да постигнеме повеќе од еден гол. Откако се врати во натпреварот, Норич беше исполнети со самодоверба. Но нашата реакција беше одлична. Се вративме и постигнавме два гола", изјави Петар Чех.

АВБ ПРИЗНА, ДЕКА ВЕСТ ХЕМ ЗАСЛУЖЕНО ГИ ПОБЕДИЛ.

-  Вилаш-Боаш: заслужена победа за Вест Хем

Андре Вилаш-Боаш жали за начинот, на кој неговиот Тотнем буквално згасна при поразот со 0:3 дома од Вест Хем.
"Вест Хем заслужува честитки, играа многу, многу добро. Во првиот дел се претставивме добро, но не доволно за да постигнеме погодок. Го почнавме многу силно второто полувреме, но за жал нивниот гол од статична ситуација дојде спротивно на логиката. Но тие ја заслужија победата, бидејќи секој пат кога се обидувавме да промениме нешто, тие постигнуваа нов гол. Трите гола паднаа брзо што не ни дозволи да реагираме. Сакавме да ги пуштиме во игра сите на вашиот оружја, но кога се подготвував да го пуштам Солдадо, тие постигнаа втор гол. Така стана уште потешко . Дури не добивме шанса да се вратиме во натпреварот, бидејќи Вест Хем играѓе исклучително добро по паузата. Беа агресивни , први стига до топката и победија сосема заслужено", призна Вилаш-Боаш пред "Sky Sports" по тешкиот пораз на " Вајт Харт Лејн".

КОЛ СЕ ПОВРЕДИ, УТРЕ СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИ ОД СКЕНЕР.

-  Ашли Кол ја вознемири Англија, ќе оди на скенер

Левиот бек на Англија, Ашли Кол ќе биде подложен на испитување на скенер, кое ќе утврди дали повредата во ребрата, која ја претрпе при победата на Челси со 3:1 во Норич, е сериозна , пренесе ББС.
32-годишниот Кол беше заменет 15 минути пред крајот на " Кероу Роуд" од тактички причини, но подоцна се пожали.
Англија треба да ја победи Црна Гора во Петок и Полска по четири дена, за да си обезбеди пласман на Светското првенство во Бразил .
"Се надевам дека ќе биде добро. Сакам Англија да се претстави добро. Не знаев дека Кол е повреден. Пред тоа бевме во тешка позиција. Тој имаше нешто во своите ребра кои ние треба да го истражиме, но се надеваме дека е добро. Ќе отиде на скенер, кога ќе се вратиме во Лондон", изјави менаџерот на Челси, Жозе Мурињо.

ВЕНГЕР: ВИЛШЕР Е ФАНТАСТИЧЕН, НО РЕМИТО БЕШЕ ПРАВЕДНО.

-  Венгер го пофали Џaк Вилшер

Арсен Венгер особено го пофали карактерот на Џак Вилшер, откако халфот го постигна изедначувачкиот гол, кој му донесе бод на Арсенал при ремито 1:1 против Вест Бромич на "Д Хоуторнс".
"Вилшер имаше проблеми да го најде својот ритам во натпреварот. Но покажа карактер. Не се предаде, продолжи да игра упорно и постигна прекрасен гол. Како цело мислам, дека бодок е заслужена. Жалам за некои работи од последните 30 минути, бидејќи имавме можности да постигнеме и втор гол. Сепак покажавме карактер да се вратиме во натпреварот и израмнивме", изјави Венгер за"Sky Sports".


МУРИЊО: НЕ ДОЈДОВ ВО ЧЕЛСИ ЗА ДА ОСВОЈУВАМ БОД, А ПОБЕДИ.

-  Мурињо: Не дојдов во Челси да се задоволувам со едед бод, ризикував се

Жозе Мурињо изјави, дека ремито во средината на вториот дел од натпреварот со Норич го натерало да превземе ризици, кои го донесоја успехот на Челси од 3:1.
"Мојата идејата пред натпреварот беше да дојдеме тука, да го постигнеме првиот гол, да го постигнеме втор и да ја убиеме интригата штое е можно побрзо. Играчите се трудеа, но Норич играше многу добро. Се бореа здраво и не натераа да се испотена здраво за трите поени. При 1:0 за нас, тие не се нафрлија напред, а ја чекаа својата шанса да постигнат погодок. Го направија тоа, но јас не сум во Челси, за да се бранам и да чувам еден бод, тука сум да победувам и затоа ризикував на крајот".
"Сакав да го искористам Демба, бидејќи тој е навикнат на овие натпревари, но потоа средбата се промени. Кога натпреварот стана поотворен и имаше повеќе простор, веднаш го пуштив Ето. ја заслуживме тешката победа денес", изјави Мурињо пред "Sky Sports" по успехот.
Ашли Кол доби удар во ребрата, но Специјалниот изјави, дека ова не е причинатаза  да го замени и да пушти Еден Азар.
"Ашли страда од овој проблем, но сега тоа се комплицира и ребрата го болат. Не го сменив поради тоа, туку поради промената во шемата, која  ја направив".


ФЛАМИНИ ПОДГОТВЕН ДА МУ ПОМАГА НА ТИМОТ.

-  Фламини е среќен да ја врши "црната работа" во Арсенал

Фудбалерот на Арсенал, Матио Фламини призна дека е радосен да ја извршува "црната работа" во тимот.
"Поседуваме големо мајсторство, големо количество топ играчи и тие имаат потреба од одбрана. Одбранбрната работа не е толку забележителна, отколку да погодуваш или додаваш, но таа е многу важна за балансот на тимот. Јас сум дефанзивен играч од средниот ред, кој се труди да најде совршена рамнотежа во тимот помеѓу нападот и одбраната. Победата во натпреварите зависи од тоа, колку силно се стремиш кон неа. Тоа е тимска работа", рече Фламини.

ДАЛГЛИШ: СЕ ВРАТИВ ЗА ДА МУ ПОМОГНАМ НА ПУЛ.

-  Далглиш нема да се меша во работата на Роџерс

Повратникот во Ливерпул, Кени Далглиш изјави дека нема да се меша во работата на менаџерот Брендон Роџерс.
"Човекот, кој  јаодигра најголемата улога за моето враќање, беше Брендон. Менаџерот е поважен од мене, како и тоа, дека неговата позиција во клубот е поважна од мојот. Се враќам затоа што сакам да му помогнам на клубот, но во никој случај не сакам да му пречам никого. Јас ќе бидам во непосредна близина, но Брендон е целосно одговорен за тимот. Ова нема никаква врска со мене. Тука сум само да помагам. Ако некој сака да поразговараме, јас сум овде", изјави Далглиш.


Sunday, 6 October 2013

ЈАНУЗАЈ ПОСТАВИ КЛУБСКИ РЕКОРД ВО ЈУНАЈТЕД, НО МОЖЕ ДА ЗАИГРА И ЗА АНГЛИЈА.

-  Јанузај со клупски рекорд

Играчот кој постигна дубл во натпреварот од седмото коло во Премиер лигата против Сандерленд играчот на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај постави нов клупски рекорд. Според статистиката, белгиецот од албанско потекло стана најмладиот автор на два гола во деби натпревар од Премиер лигата на "црвените ѓаволи". Возраста на Јанузај е 18 години 243 дена.
Претходно овој рекорд му припаѓаше на Вејн Руни, Кристијано Роналдо и Рајан Гигс.
Младиот офанзивен халф Аднан Јанузај може да заигра за националниот тим на Англија, тврди селекторот Рој Хоџсон.
"Ако тој биде натурализиран, може да заигра за репрезентацијата на Англија. Аднан е подолго време во Манчестер Јунајтед, но неговото натурализирање треба да биде подложено на многу сериозна дебата. Нема сомневање, дека тој е исклучително талентиран. Ние го следиме подолго време, но повторувам, дека ова прашање треба да биде разговарано подетално", изјави Хоџсон за ББС.


КАРИК: ЈАНУЗАЈ СЕ НАОЃА ВО ВИСТИНСКИОТ ТИМ

-  Карик: Јанузај е во вистинскиот тим

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик по средбата од седмото коло на Премиер лигата против Сандерленд, го акцентираше своето обраќање на играта на младиот фудбалер Аднан Јанузај, кој постигна два гола во натпреварот и им помогна на "црвените ѓаволи" да направат целосен пресврт во средбата.
"Јанузај е во вистинскиот тим, му претстои уште многу да се учи, наоѓајќи се во Јунајтед. Пред него се појави уникатна можност, која тој може да ја искористи. Веројатно израсна за време на подготовките за новата сезона", рече Карик.