Monday, 7 October 2013

ПАРДЈУ ГО САКА РЕМИ ЗА ПОСТОЈАНО ВО СВОЈОТ ТИМ.

-  Пардју сака да го задржи Реми за постојано

Менаџерот на Њукасл, Алан Пардју сака да го задржи напаѓачот Лоик Реми за постојано во составот. Во моментов французинот игра, како позајмен играч во " страчките " од Квинс Парк Ренџерс.
"Сакав да го земеме уште во Јануари. Јас уште се сеќавам како мислевме, дека сме склучиле договор. Пиевме по една чаша вино, ги стиснавме рацете, а следниот ден тој не беше кај нас. Понекогаш сепак, само треба да почекаш, за да се случи нешто. Сега сме среќни, што Реми е кај нас. Според мене тој игра врвно и не само поради двата гола, а и заради неговиот труд. Се, што прави е многу компетентно. Лоик е играч кој влегува во нашите планови, но во моментов тој останува во сопственост на КПР. Интересно е, што Хари Реднап изјави дека најверојатно нема да го враќа во составот, но ќе треба да почекаме и да видиме", изјави Пердју.


No comments:

Post a Comment