- Големиот Сем: Тактиката ни проработи
Менаџерот на Вест Хем, Сем Алардајс го коментира триумфот над Тотнем со 3:0, кој веројатно му овозможува да остане уште време на чело на тимот .
"Сакавме да играме без чист напаѓач, а да напаѓаме со повеќе луѓе од средината на теренот, што има повеќе вклучивања од втората позиција. Крилата во лицето на Ваш Те и Даунинг влегуваа во средината и ги забунија нивните централни дефанзивци, кои не знаеја против кого всушност се соочуваат. Третиот гол беше јасно олицетворение на она кон што се стремевме. Убаво е, што планираното од наша страна се оствари, но ако работите не се развиеја така, сигурно ќе добиев многу критики. Момчињата беа брилијантни и ја заслужија победата. Имавме потреба од поени. Не бев загрижен толку многу за нашето претставувањето како целина, колку за тоа, дека тешко постигнуваме голови. Засега се оствари. И трите наши погодока беа различни, статична ситуација, имавме среќа при вториот гол, а третиот беше навистина генијален", изјави Алардајс.

No comments:
Post a Comment