Monday, 7 October 2013

ЧЕХ ЗАДОВОЛЕН ОД ПОБЕДАТА ПРОТИВ НОРИЧ.

-  Петар Чех очекува Челси да продолжи својот развиток

Петар Чех се надева, Челси да го продолжи своојот развиток под водство на Жозе Мурињо по успехот со 3:1 над Норич.
"Секогаш е убаво да го почнеш силно шампионатот и се надеваме да играме уште подобро со секој изминат натпревар. Денес победата беше важна, особено откако дозволивме изедначување доста доцна по паузата. Тоа е нов чекор напред. Го контролиравме натпреварот во првиот дел и можевме да постигнеме повеќе од еден гол. Откако се врати во натпреварот, Норич беше исполнети со самодоверба. Но нашата реакција беше одлична. Се вративме и постигнавме два гола", изјави Петар Чех.

No comments:

Post a Comment