- Ашли Кол ја вознемири Англија, ќе оди на скенер
Левиот бек на Англија, Ашли Кол ќе биде подложен на испитување на скенер, кое ќе утврди дали повредата во ребрата, која ја претрпе при победата на Челси со 3:1 во Норич, е сериозна , пренесе ББС.
32-годишниот Кол беше заменет 15 минути пред крајот на " Кероу Роуд" од тактички причини, но подоцна се пожали.
Англија треба да ја победи Црна Гора во Петок и Полска по четири дена, за да си обезбеди пласман на Светското првенство во Бразил .
"Се надевам дека ќе биде добро. Сакам Англија да се претстави добро. Не знаев дека Кол е повреден. Пред тоа бевме во тешка позиција. Тој имаше нешто во своите ребра кои ние треба да го истражиме, но се надеваме дека е добро. Ќе отиде на скенер, кога ќе се вратиме во Лондон", изјави менаџерот на Челси, Жозе Мурињо.

No comments:
Post a Comment