- Фламини е среќен да ја врши "црната работа" во Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Матио Фламини призна дека е радосен да ја извршува "црната работа" во тимот.
"Поседуваме големо мајсторство, големо количество топ играчи и тие имаат потреба од одбрана. Одбранбрната работа не е толку забележителна, отколку да погодуваш или додаваш, но таа е многу важна за балансот на тимот. Јас сум дефанзивен играч од средниот ред, кој се труди да најде совршена рамнотежа во тимот помеѓу нападот и одбраната. Победата во натпреварите зависи од тоа, колку силно се стремиш кон неа. Тоа е тимска работа", рече Фламини.

No comments:
Post a Comment