- Руни: Треба да се претсттавиме значително подобро во името на Мојс
Вејн Руни повика Манчестер Јунајтед да се обедини околу работата на новиот клупски менаџер Дејвид Мојс .
"Имавме потреба од овие три бода. Победа како оваа може да ги преврти работите. Мислам дека ние, играчите знаеме дека не се претставивме доволно добро до овој момент. Менаџерот е под притисок, но тимот мора да го поддржи. Сите треба да се обединиме околу неговата работа. Да покажеме повеќе борбеност и работите ќе си дојдат на местото. Оваа сезона ќе биде преодна, бидејќи Мојс има различни методи на работа. Ние треба да се адаптираме кон нив. Заради него треба да се прават работите значително подобро", изјави Руни.
"Јанузај ? Тоа е талентиран фудбалер, тој е уверен во себе и тоа е пријатно да се гледа. Многу млади фудбалери понекогаш се затворени и се однесуваат многу скромно, но тој се чувствува удобно и е убеден во сопствените сили. Убаво е, што менаџерот му даде на Јанузај можност да се докаже, поради тоа што се случи со нас во последните средби. Тимот беше подложен на голем притисок, но Мојс му поверува и тој се исплати за тоа", заврши Руни.

No comments:
Post a Comment