Sunday, 6 October 2013

ЈАНУЗАЈ ПОСТАВИ КЛУБСКИ РЕКОРД ВО ЈУНАЈТЕД, НО МОЖЕ ДА ЗАИГРА И ЗА АНГЛИЈА.

-  Јанузај со клупски рекорд

Играчот кој постигна дубл во натпреварот од седмото коло во Премиер лигата против Сандерленд играчот на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај постави нов клупски рекорд. Според статистиката, белгиецот од албанско потекло стана најмладиот автор на два гола во деби натпревар од Премиер лигата на "црвените ѓаволи". Возраста на Јанузај е 18 години 243 дена.
Претходно овој рекорд му припаѓаше на Вејн Руни, Кристијано Роналдо и Рајан Гигс.
Младиот офанзивен халф Аднан Јанузај може да заигра за националниот тим на Англија, тврди селекторот Рој Хоџсон.
"Ако тој биде натурализиран, може да заигра за репрезентацијата на Англија. Аднан е подолго време во Манчестер Јунајтед, но неговото натурализирање треба да биде подложено на многу сериозна дебата. Нема сомневање, дека тој е исклучително талентиран. Ние го следиме подолго време, но повторувам, дека ова прашање треба да биде разговарано подетално", изјави Хоџсон за ББС.


No comments:

Post a Comment