Monday, 7 October 2013

ЈАНУЗАЈ СО СВОЈАТА ИГРА СИ ОБЕЗБЕДИ НОВ ДОГОВОР СО ЈУНАЈТЕД.

-  Јунајтед му нуди нов договор на Јанузај

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе му предложи нов договор на талентот Аднан Јанузај. Според информациите, "црвените ѓаволи" се подготвени да му понудат на младиот играч по 60 илјади фунти неделно, за да стави потпис на нов договор, а исто така ќе го регистрираат и во составот за Лигата на Шампионите. Младиот белгиец остава постојано добри впечатоци со настапите, токму тој беше херој за тимот при успехот со 2:1 над Сандерленд, постигнувајќи ги и двата гола во натпреварот. 18 -годишниот Јанузај е производ на младинската школа на Андерлехт, но беше доведен на "Олд Трафорд" пред две години. Талентот е сеуште со јуниорски договор, кој истекува на крајот на сезоната. Од Јунајтед сепак се решени да не дозволат тој да биде "украден" од друг тим во текот на летото, како што се случи со Пол Погба во 2012 година. Токму поради тоа шефовите ќе побрзаат да го обврзат со нов долгорочен договор.

No comments:

Post a Comment