- Роџерс: Суарез и Стариџ имаа одличен натпревар
Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс ги пофали своите напаѓачи по победата со 3:1 над Сандерленд во рамките на шестото коло во Премиер лигата.
"Суарез ги береше плодовите на својата напорна работа во времето, кога не играше. Тој и Стариџ имаа прекрасен натпревар, добро комбинирајќи еден со друг. Ние добро се подготвивме за средбата по лошата загуба во Манчестер. Бевме опасни на контранапади и игравме како обединет тим", изјави Роџерс











