Wednesday, 31 July 2013

ЛАУДРУП: ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА ДУЕЛОТ СО МАЛМЕ.

-  Лаудруп е подготвен за Малме

Менаџерот на Свонси Михаел Лаудруп е уверен пред дуелот од третото квалификациско коло на турнирот Лига Европа, во кој ќе се соочи со непоразениот тим на Малме.
"Малку порано почнуваме, но сме подготвени. Ќе се соочиме со добар тим, кој е во средината на табелата во домашниот шампионат".
"Одлично е, што ќе ги одиграме овие две средби пред дуелот со Манчестер Јунајтед. Тоа ќе ни помогне да го комплетираме состав. Секогаш е добро да играш во Европа и да играш против тимови кои не ги познаваш ", изјави Лаудруп.
Дуелот ќе им помогне на "Лебедите" да се подготват за првиот круг од Премиер лигата, во кој се среќаваат со шапионите од Манчестер Јунајтед.


БЕЈЛ ДИРЕКТНО МУ КАЖАЛ НА БОАШ: САКАМ ДА ЗАМИНАМ ВО РЕАЛ...

-  Бејл му соопшти на Вила-Боаш дека сака да премине во Реал

Денес полудефанзивецот на Тотнем Гарет Бејл ја посетил тренинг база на клубот, на која има поминато околу пет часа. Според информациите Бејл се сретнал со менаџерот на тимот Андре Вилаш-Боаш и ја потврдил својата желба да го напушти "Вајт Харт Лејн" во сегашниот трансфер прозорец.
Исто така Бејл му соопштил на португалскиот специјалист дека сака да премине во Реал Мадрид.
"Дејли мејл" тврди дека во Тотнем останале непријатно изненадени од директните зборови на Бејл, дека сака да си замине и размисле  за следниот потег.


КАРДИФ ГО ЗЕДЕ КОЛКЕР ОД ТОТНЕМ.

-  Кардиф , договори трансфер на дефанзивец на Тотнем

Дефанзивецот на Тотнем Стивен Колкер ќе ја продолжи кариерата во Кардиф Сити. Денес "Спарси" објавија дека постигнале договор со велшкиот клуб за трансфер на 21-годишниот фудбалер.
Претходно се појавија информации дека играчот поминува лекарски прегледи во Кардиф Сити, кој ќе плати за Колкер 8 милиони фунти, а дефанзивецот ќе потпише со велшаните петгодишен договор.
Минатата сезона фудбалерот настапи на 18 натпревари за Тотнем во Премиер лигата на Англија.
"Денес попладне, Кардиф Сити може да го потврди рекордниот трансфер за клубот на англискиот репрезентативец од Тотнем Стивен Коукер", се вели во пораката од Кардиф Сити.

"Среќен сум за пристигањето во Кардиф, и сум со големи амбиции за новиот предизвик. Му благодарам на Тотнем за сè што направи замене", изјави Коукер.

ВИЛА ЌЕ ГО ПРОДАДЕ БЕНТ, АМА ЗА 10 МИЛИОНИ ???

-  Астон Вила е подготвен да го продаде Бент за 10 милиони

Астон Вила е подготвен да се раздели со напаѓачот Дарен Бент, но само под услов ако добие достоен предлог, соопштуваат британските извори. Според информациите, станува збор за сума од 10 милиони фунти.
Како што е познато, за англичанецот се заинтересирани Фулам и Њукасл, лондончани веќе направија една понуда во висина од 4 милиони фунти, која Бирмингемци ја  отфрлија.

ВЕСТ ХЕМ И ЊУКАСЛ ВО ТРЕКА ПО ПОТПИСОТ НА РЕМИ !!!

-  Два тима во битка за Реми

Вест Хем и Њукасл се насочени кон ѕвездата на Квинс Парк Ренџерс Лоик Реми, тврди The Daily Star. Менаџерот на "чеканите" Сем Алардајс, изјавил силна желба да го има во својот состав напаѓачот, и се надева двајцата со Енди Керол да создадат ударно дуо.
Тренерот на "страчки" Алан Пардју од своја страна, исто така сака да донесе французинот, но на позајмица и како резервна опција. Ова го става лондонскиот клуб како фаворит за потписот на фудбалерот и се очекуваат преговори во најскоро време.
Од раководството на КПР определија цена за Реми во вредност од 10 милиони евра и од Вест Хем се надеваат да го спуштат малку бараниот износ. Предходно во текот на летото од КПР изјавуваа дека немаат намера да ја продаваат својата ѕвезда, но го имаат зедено во предвид  барањето на напаѓачот за трансфер.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВАЛЕНСИЈА ИЗЈАВИ: СОЛДАДО ЌЕ ИГРА ЗА ТОТНЕМ.

-  Претседателот на Валенсија: Солдадо ќе игра за Тотнем

Претседателот на Валенсија Амадео Салво потврди дека двата клуба целосно се договориле за трансферот на напаѓачот Роберто Солдадо на "Вајт Харт Лејн".
"Имаме целосна договор со Тотнем. Настана проблем во односите со агентите. Кога тој проблем ќе биде решен, Солдадо ќе замине", изјави Салво.
Во исто време пристигна уште една вест поврзана со Тотнем. Дефанзивецот на "Спарси" Бонгани Кумало е испратен на позајмица во тимот од Чемпионшип дивизијата Донкастер. Порано Јужноафриканецот играше во Престон, Рединг и ПАОК.


ЧЕЛСИ СО ПОСЛЕДЕН ОБИД ЗА ТРАНСФЕР НА ВЕЈН РУНИ

-  Челси дава 40 милиони за Руни

Челси сепак ќе направи последен обид да го доведе напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, соопштуваат британските медиуми. Според добиените информации, износот за кој лондончани сакаат да потпишат со англискиот репрезентативец е 40 милиони фунти.
Детали не се соопштуваат, освен тоа дека главната цел на Челси до крајот на трансфер прозорецот, кој е до 2 септември, останува привлекувањето на Вејн Руни.
Последниот предлог на "сините" од 27 милиони фунти беше одбиен од Манчестер Јунајтед.


СИТИ ВО ФИНАЛЕТО НА AUDI CUP 2013 !!!

-  Сити и Милан направија головo шоу за едно полувреме

Манчестер Сити победи го Милан со 5:3 во првиот натпревар од овогодинешното издание на "Ауди Купот" на "Алијанц Арена" и благодарение на овој успех "граѓаните" се во финалето, каде ќе играат против победникот од другото полуфинале, Баерн (Минхен) и Сао Паоло. Во вистински голов спектакл се претвори првото полувреме кога паднаа сите осум погодоци. Избраниците на Мануел Пелегрини направија многу сериознапредност од пет гола до 36-тата минута по погодоци на Давид Силва (3 '), Мика Ричардс (19'), Александар Коларов (22 ') и Един Џеко (33' и 36 '). Два брзи гола на Стефан Ел Шарави (37'и 39 ') и Андреа Петања(43') ја вратија интригата во дуелот. Но така или онака вицепрвакот во Премиер лигата се "поздрави" со успехот, откако во вториот дел погодоците на "Алијанц Арена" отцуствуваа.
МИЛАН: Амелија (46-Габриел), Антонини, Кристијан Џакардо, Вергара (74-Дидак), Кевин Констант (65-Емануелсон), Траоре (46-Ночерино), Најџел де Јонг (74-Кристанте), Сали Мунтари (65 - Поли), Кевин-Принс Боатенг (79-пина), Стефан Ел Шарави (65-К. Боатенг) Петања (46-Нианг) 
Манчестер Сити: Харт, Ричардс, Лескот, Гарсија, Коларов, Фернадињо (45-Родуел) Јаја Туре, Навас (46-Насри), Силва (64-Милнер) Јоветиќ (45-Негредо) Џеко (64-Бари).



АРСЕНАЛ И МАЛАГА ПОДГОТВУВААТ РАЗМЕНА НА ИГРАЧИ ???

-  Арсенал може да го размени Бентнер со дефанзивец на Малага

Напаѓачот на Арсенал Никлас Бентнер може да премине во Малага, објави шпанскиот печат. Според информациите, лондонскиот клуб понудил на шпанскиот клуб размена за одбранбениот играч Хесус Гамес плус 1,7 милиони евра. Покрај тоа, за време на првата сезона "топџиите" ќе ја плаќаат платата на фудбалерот од националниот тим на Данска.
Малага го оценува својот дефанзивец на 5 милиони евра, и договорот на прв поглед е идеалн за шпанците, но најверојатно ќе се појави проблем со платата на Никлас при договарањето на неговите лични услови. Порано летово Бентнер беше блиску до трансфер во Ајнтрахт, но токму неговата висока плата стана причина да не премине во германскиот тим.

АСПАС: СЕ БОРАМ ЗА СТАРТНО МЕСТО ВО ТИМОТ.

-  Аспас: Се борам секој ден за место во Ливерпул

Новиот напаѓач на Ливерпул Јаго Аспас изјави дека има амбиции да се докаже на "Енфилд". Малдиот играч пристигна во Ливерпул од Селта Виго и го доби број 9 - носен од легенди на тимот како Роби Фаулер.
"Тренининзите се малку потешки од оние во Шпанија. Работам напорно секој ден, за да го обезбедам стартното место за првиот официјален натпревар. Во Шпанија не обрнуваат толку многу внимание на бројот на дресот, како што е тука во Англија. Но, јас сум тука и носам одговорност да ги врататм инвестициите на Ливерпул, кои се дадени за мене ", коментира Аспас.

КОЛАРОВ: СРЕЌЕН СУМ ВО СИТИ, ЌЕ СЕ БОРАМ ЗА МЕСТО ВО ТИМОТ

-  Коларов: Среќен сум во Сити

Дефанзивецот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Србија, Александар Коларов планира да се бори за место во тимот на Мануел Пелегрини.
"Среќен сум во Сити и сакам да останам. Имам намера да играм што е можно повеќе, за да го докажам нивото на Пелегрини. Секако, разбирам дека ќе е многу тешко да обезбедам стартното место. При тоа е пријатно да знам, дека Јувентус се интересира за мене, бидејќи тоа е престижен и голем клуб. Но јас не ја одлучувам сам својата судбина, има два клуба, кои разговараат за оваа прашање ", изјави Коларов.

ВИЛА ГО ОДБИ ФУЛАМ ЗА ДАРЕН БЕНТ !!!

-  Астон Вила одби да го продаде Бент на Фулам

Раководството на Астон Вила одби да го продаде напаѓачот Дарен Бент на Фулам, соопштува британскиот печат. Како што е познато, неодамна тренерот на лондончани Мартин Јол неодамна призна, дека бара нов напаѓач, бидејќи Димитар Бербатов не може да ги реши сите задачи во напад.
Малку потоа се разбра дека "котидџерс" понудиле 4 милиони фунти за Бент, но понудата беше одбиена од бирмингамскиот клуб.
Самиот фудбалер сака да премине во Њукасл, како Астон Вила сака да добие за него 6 милиони фунти.

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД СУАРЕЗ ДО НАВИВАЧИТЕ

-  Суарез го потврди останувањето во Ливерпул во отворено писмо

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез објави отворено писмо до фановите на клубот, во кое изјави дека успеал да донесе одлука во врска со идната на својата кариера, планира да остане во Ливерпул и следната сезона.
"Доста работи околу мојата иднина се напишаа од крајот на сезоната до сега. Некој од нив беа вистина, други помалку. Моето срце секогаш беше со Ливерпул, се надевам тоа да продолжи уште долго време. Се чувствувам среќен што играм за најуспешниот тим во Англија, пред погледите на бројните фанови низ целиот свет. Навистина имав страв дека нема да можам да играм на нај-високо ниво, каде во принцип е местото на Ливерпул. Секој фудбалер сонува да игра во Лигата на Шампионите, јас не сум различен. Имам целосна верба во менаџерот и раководството на клубот дека ќе успееме да се вратиме таму каде што припаѓаме.
Реков на г-дин Роџерс дека сакам да ја продолжам кариерата во Ливерпул. Ќе играм за овој клуб, додека самиот тим одлучи. Гледам напред кон партнерството во напад со Бориело, Стариџ и сите мои соиграчи. И се разбира да играм повторно за Ливерпул пред моето семејство, кога казната ќе ми заврши. You'll Never Walk Alone ".

Luis Alberto Suarez.

30th July, 2013.

П.С: Писмото сеуште не е потврден лично од Луис Суарез, но се разпострани моментално во медиумите.

РОЏЕРС: СУАРЕЗ ЈА РАЗБИРА ПОЗИЦИЈАТА НА ЛИВЕРПУЛ.

-  Роџерс: Суарез ја разбира многу добро позицијата на клубот

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс изјави дека Луис Суарез ја разбира многу добро позицијата на клубот, кој одбива да се раздели со големата ѕвезда, иако уругваецот изрази желба да го напушти. До моментов Ливерпул отфрлија две понуди за Суарез од страната на Арсенал.
"Оваа приказна може и да продолжи да биде интерпретирано во медиумите, но за мене не е ништо ново. Луис е среќен. Тој целосно ја разбира гледна точка на клубот. Се наоѓа во тешка ситуација, со оглед на неговата казна и тоа дека нема да може да игра во првите шест натпревари. Фудбалот ќе му недостасува, тој сепак работи напорно и останува дел од тимот. Не е потиснат поради тоа. Тешко е, откако ќе се вратиш од одмор, но тој се адаптира и работи добро. Има потреба од тоа да ја зголеми брзината и ние ќе продолжиме да работиме, за да може сите играчи да бидат подготвени за првиот натпревар од сезоната ", изјави Роџерс.


БЕЈЛ СЕ ВРАТИ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ТОТНЕМ

-  Бејл ги обнови тренинзите со Тотнем

Додека шпекулациите околу иднината на Гaрет Бејл продолжуваат со полна сила, најголемата ѕвезда на Тотнем денес им се приклучи на своите соиграчи на постојаните тренинзи. 24-годишниот велшанецот се опорави од повреда на мускулот, која го спречи да учествува во двете проверки на "Спарси" на "Барклиз Ејша Трофи". За многумина повредата на Бејл беше со доста сомнителен карактер и во нејзината основа лежи желбата на велшанецот за трансфер во Реал Мадрид. Според информации во англиските медиуми раководството на Тотнем веќе одби понуда од "Сантијаго Бернабеу" во вредност од 85 милиони фунти. Најверојатно Бејл нема да земе учество и во следната контрола на Тотнем - гостувањето на Монако во саботата.


ПОСЛЕДНА ПОНУДА ОД ЈУНАЈТЕД ЗА ФАБРЕГАС !!!

-  На "Олд Трафорд" одлучија: ќе има финална  понуда за Цеск

Раководството на Манчестер Јунајтед конечно одлучила да упати трета понуда до Барселона за халфот Цеск Фабрегас. Предлогот ќе го собори досегашниот клупски рекорд на "црвените ѓаволи" од 30,8 милиони фунти, платени за Димитар Бербатов во 2008 година. Новата понуда за Фабрегас ќе биде во висина од 35 милиони фунти плус бонуси. До моментов Барселона ги одби првите два обида на Јунајтед - односно 25 и 30 милиони. Пред неколку дена менаџерот на "црвените ѓаволи" Дејвид Мојс призна дека во клубот размислуваат за нова понуда.
Според "Дејли Меил" и "Манчестер Ивнинг Њуз" одлуката за тоа веќе е донесена. Споменатите 35 милион фунти ќе бидат последен предлог на Манчестер Јунајтед за Фабрегас, беше објавено дека тој не се продава од страна на Барселона. Медиумите во Англија инсистираат дека самиот играч има желба да им се приклучи на "црвените ѓаволи", каде ќе биде повторно со својот поранешен соиграч од Арсенал, Робин ван Перси.


ЛИВЕРПУЛ НА ЧЕКОР ДО ПАПАДОПУЛОС

- Ливерпул го договори Кириакос Пападопулос

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс речиси сигурно ќе  постигне успех во исполнувањето на една од големите трансфер цели ова лето - дефанзивецот на Шалке 04 Кириакос Пападопулос. Тоа може да се тврди, откако медиумите во татковината на дефанзивецот Грција тврдат дека Ливерпул се договориле со германскиот клуб на Пападопулос за неговата цена. Се верува дека Ливерпул ќе плати малку над 13-те милиони фунти кои Шалке ги одби за својот фудбалер во почетокот на летото, кога од "Енфилд" го направија првиот чекор за трансфер на дефанзивецот.
Според англискиот "Дејли експрес" последна пречка пред трансферот на Пападопулос на "Енфилд" е тешката повреда на коленото, од која 21-годишниот Грк се рехабилитира. Самиот фудбалер тврди дека наскоро ќе биде целосно подготвена да ги мине медицински тестови во Ливерпул, но медицинскиот штаб на "црвените" сака да се убеди дека моќниот дефанзивец нема да има никакви проблеми, да ја започне новата сезона во селекцијата на Брендон Роџерс.

ЈУНАЈТЕД НЕ ЗАПИРА ПОТПИША НОВ СПОНЗОРСКИ ДОГОВОР СО ПЕПСИ-КО.

-  Јунајтед објави партнерство со ПепсиКо

Фудбалски клуб Манчестер Јунајтед и ПепсиКо објавија денес повеќегодишен, регионален договор за спонзорство во азиско-пацифичкиот регион.
Според условите на договорот, ПепсиКо ќе стане официјална безалкохолен пијалок на Манчестер Јунајтед во Тајланд, Малезија, Сингапур, Мјанмар, Камбоџа, Лаос и Брунеи.
ПепсиКо ќе има ексклузивни права за користење на брендот Манчестер Јунајтед на своите производи во рамките на овие пазари. Манчестер Јунајтед има фан-база со околу 38 милиони корисници во овие седум земји. Се очекува дека поврзувањето на оваа фан база со брендот на ПепсиКо ќе го овозможи нови можности за раст и натамошно зголемување на популарноста на Манчестер Јунајтед и Пепси во овој регион.
Ричард Арнолд претставник на Јунајтед коментира: 
"Манчестер Јунајтед и Пепси се два автентични брендови, клубот го има задоволството да се обедени со ПепсиКо како наш официјален партнер за безалкохолни пијалоци во овие седум земји во Азија."
"ПепсиКо е идеален партнер за Манчестер Јунајтед поради уникатното разбирање за спорт и инвентивна маркетинг иницијативи. Возбудени сме од здружувањето на силите со ПепсиКо во овој важен момент од нашата историја, и посакуваме добредојде на оваа светска компанија како наш партнер. " 

ДАЈЕР ОБЈАВИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА !!!

-  Кирон Дајер  ги закачи копачките

Полудефанзивецот Кирон Дајер официјално објави дека става крај на натпреварувачките кариера, објави "Скај Спортс". 
34-годишниот поранешен англиски репрезентативец за последно беше футбалер на Мидлзборо.
Дајер коментира дека веќе нема сили да тренира постојано и има потреба од долг одмор.
Во својата кариера Кирон Дајер бил играч и на Ипсвич, Њукасл, Вест Хем и Квинс Парк Ренџерс. За националниот тим на Англија тој има одиграно 33 натпревари.


ЈУНАЈТЕД СО ПОНУДА ДО ЈУВЕ ЗА МАРКИЗИО

-  Јунајтед упати понуда за Клаудио Маркизио

Раководството на Манчестер Јунајтед упатило официјална понуда за полудефанзивецот на Јувентус, Клаудио Маркизио, соопштува "Кориере дело Спорт". Денеска црвените ѓаволи понудиле 30 милиони евра за италијанскиот репрезентативец.
27-годишниот халф има 174 натпревари за "Старата Дама" во кои има постигнато 25 погодоци. За тимот на азурите тој одигра 38 пати и се запиша двапати во листат на стрелците.
Порано во ткот на лето самиот Клаудио Маркизио изјави дека е подготвен да го напушти Јувентус, а сега новиот менаџер на Јунајтед Дијвид Мојс  во него гледа одлично засилување на составот. Одговорот од штабот на торинци се очекува за неколку часови.



"ЛУДИОТ" БАРТОН САКА ВО ЕВЕРТОН

-  Бартон сака да игра за Евертон

Џои Бартон кој е сопственост на КПР изрази желба да премине во таборот на Евертон. Како што е познато, минатата сезона 30-годишниот англичанец ги бранеше боите на Олимпик Марсеј, но така и не успеа да потпише со французите договор на постојана основа. Во исто време Бартон нема намера да игра и за испаднатиот во Чемпионшип дивизијата КПР.
"Разговарав веќе со Роберто Мартинез, за да дознаам дали тој е заинтересиран за Џо. Му реков дека Џо сака да игра за Евертон, а исто така, дека тоа е единствениот клуб, поради кој е подготвен да ја намали платата", изјави агентот на Бартон, Вили Макеј. 

АЛЕКС БЈУТНЕР САКА ПОВЕЌЕ НАТПРЕВАРИ ВО НОВАТА СЕЗОНА ЗА ЈУНАЈТЕД

-  Бјутнер сака да игра редовно за Манчестер Јунајтед

Александар Бјутнер призна дека сонува да стане први избор на позицијата лев бек во Манчестер Јунајтед.
"Во првите неколку месеци на минатата сезона беа тешки за мене. Требаше да се адаптирам. Но сметам дека добро поминав. Земав учество во 13 натпревари и тоа е убаво. Во оваа сезона сум фокусиран во тоа да одиграм повеќе натпревари".
"Патрис добро играше минатата година и направи многу добри натпревари. Сметам дека го ставив под притисок, бидејќи добро играв кога излегував на теренот. Мислам дека Манчестер Јунајтед има потреба од тоа - да има двајца добри дефанзивеци. Сакам позицијата на лев дефанзивец да биде мојот. Тоа е и мојата цел - да играм многу натпревари "изјави Бјутнер.

СУАРЕЗ СЕ ПОБЛИСКУ ДО ОСТАНУВАЊЕ НА "ЕНФИЛД РОУД".

-  Суарез нема да се обрати кон арбитражниот суд на Премиер лигата

Напаѓачот на Ливерпул Луис Суарез се откажа од идејата да се обрати до арбитражаниот  суд на Премиер лигата, по повод ослободителната клаузулата запишана во неговиот договор.
Како што соопшти британскиот печат, правниците на Ливерпул успеаја да го убедат Суарез, во тоа дека постигната клаузула не го обврзува клубот да го продаде. На крајот Луис се помирил со тоа дека трансферот во Арсенал за 40 милиони и една фунта, е можно да не се случи.
"Го разгледавме многу детално тој услов. Единствено што не обврзува е совесно да ги започнеме преговори за иднината на Луис. Нема апсолутно никаква обврска да го продадеме и тоа треба да биде јасно", соопштија од раководството на Ливерпул.
Овој пресврт на настаните го става менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер во многу комплицирана ситуација - или Венгер треба да се откаже од главна трансферна цел, или да го подобри својот предлог до 50 милиони фунти.


НОВО: ТОТНЕМ ГО САКА МОДРИЌ ЗА ДА ГО ПУШТИ БЕЈЛ ВО РЕАЛ МАДРИД

-  Тотнем сака да го врати Модриќ во замена за Бејл

Трансферната сага околу Гарет Бејл продолжува да е централната тема за спортската печат во Шпанија и Англија.
Според "The Times"  на најновата понуда на кралскиот клуб, Леви е одговорил со контра предлог. Тој сака да го врати на "Вајт Харт Лејн" бившиот играч на тимот Лука Модриќ. Хрватот беше продаден на Реал Мадрид минатото лето, но не успеа да се наметне како стартер на "Сантијаго Бернабеу". 
"Daily Mail" сепак има друга верзија. Изданието смета дека Тотнем сепак ќе се договори со Реал за цената на Бејл и со дел од добиените пари ќе се вклучи во битката за потписот на Луис Суарез. Како што е познато, уругваецот сака да ги напушти "црвените", но едвај би прифатил понудата од тим, кој нема да игра во Лигата на Шампионите.

НАСРИ ВО ПЕЛЕГРИНИ ГО ПРЕПОЗНА ВЕНГЕР.

-  Насри: Пелегрини ме потсетува на Венгер

Фудбалерот на Манчестер Сити Самир Насри призна дека новиот менаџер Мануел Пелегрини со своите методи на работа го потсетува на Арсен Венгер од Арсенал.
"Во моментов се се одвива добро. Пелегрини разговара со играчите, поради тоа и фудбалерите точно знаат што тој прави - ​​знаат дали тоа е добро или лошо. Нешто што мене ми се допаѓа во него, е тоа што тој зборува за сè, зад сцената на фудбалот. Тој разговара за приватноста, за различни нешта, како психолог е многу важно да ги разбира овие нешта. Тоа е убаво ", изјави Насри.
"Со својот пристап кон работата тој ме потсетува на Арсен Венгер. Истите вежби, со истото расположение. Разликата помеѓу него и моите претходни тренери се состои во тоа што, тој е многу активен за време на тренинзите. Не се плаши исто така да ја прекине тренингот, кога нешто не е како што треба ", рече уште самир Насри.

Tuesday, 30 July 2013

ЛИВЕРПУЛ НАПРАВИ КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ ЗА ИГРАЧИТЕ И НАВИВАЧИТЕ ...

-  Забранетите зборови во Ливерпул

По бројните инциденти на Луис Суарез - и расистички, и искрено груби - во Ливерпул беа принудени да подготват специјален кодекс на однесување  за своите фудбалери и навивачи.
"Клубот сака на стадионот да биде искоренета секоја форма на дискриминација, без оглед дали на теренот или надвор од него", се вели во соопштението на Ливерпул.
Изготвен е список со зборови и фрази, некои од нив брутално навредливи, подредени по видови дискриминација, кои се забранети за употреба. "Се разбира, важен е и контекстот, но оваа листа содржи зборови и изрази, кои  ние во клубот ги сметаме за погрдни, и нема да ги толерираме," велат уште од "Енфилд".
Ливерпул е првиот фудбалски тим, кој е вклучен во движење за борба против нетолеранцијата.


МАРЛОН КИНГ ОД БИРМИНГЕМ, УАПСЕН ПОРАДИ ПРИДИЗВИКУВАЊЕ СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА !!!

-  Уапсен напаѓачот на Бирмингем, Марлон Кинг

Напаѓачот на Бирмингем Сити Марлон Кинг е уапсен поради предизвикана сообраќајна несреќа, соопшти BBC Sport. Во саботата фудбалерот удрил со автомобилот во пешак, а потоа избегал од местото.
По доставен сигнал во полицијата, 50-годишниот пешак бил однесен во лондонска болница, каде што добил медицинска помош. Според информациите мажот е со повреди на главата, но без опасност за животот.
Од официјалното соопштение на локалната полиција, станува јасно дека Кинг бил ослободен со кауција до средината на септември, кога ќе продолжи истрагата за случајот.


НОРИЧ ГО ПОСАКА КУАЉАРЕЛА ОД ЈУВЕ !!!

-  Норич не се откажува од Куаљарела

Според Хјутон ситуацијата околу Куаљарела наликува на онаа околу Гари Хупер, кој сепак помина "Кероу Роуд" минатата недела.
"Знам за оваа приказна со Куаљарела. Истото беше и со Гари Хупер. Повеќето луѓе знаат дека имаме интерес. Но додека нема нешто официјално, ние немаме што да кажеме по ова прашање. Ние си ја вршиме работата околу трансферите коректно, без да дадвеме дополнителни информации пред нештата да бидат факт ", коментира Хјутон, цитиран од  "БиБиСи ".
Каљарела има 7 гола за Италија во 25 натпревари. Минатата сезона се запиша во листата на стрлците 13 пати во 34 натпревари за Јувентус.

САГАТА БЕЈЛ ПРОДОЛЖУВА, МНОГУ ТЕКСТ А ТРАНСФЕР НЕМА???

-  Реал Мадрид понудил 85 милиони фунти за Бејл


Реал Мадрид понудил 85 милиони фунти за трансферот на полудефанзивецот на Тотнем Гaрет Бејл, соопшти Sky Sports. Според информациите, понудата е внесена во лондонскиот клуб пред една недела, играчот знае за неа, и е незадоволен од пасивноста на раководството на "Спарси". Реал при тоа нема намера да вклучува свои фудбалери како дел од договорот. Медиумите објавија исто така, дека позицијата на претседателот на лондончани Даниел Леви остана како порано - Бејл не се продава.
 ШТО НАПИША "ДЕЈЛИ МЕЈЛ" ПРЕД 4 ГОДИНИ  ЗА БЕЈЛ ?
На 26 јули во онлајн изданието на "Дејли Меил" се појави информација дека Тотенхем сака 103,5 милиони фунти (120 милиони евра) за Велшанецот. Пред 4 години, на 21 октомври 2009, повторно "Дејли Меил" објави материјал за Бејл, во кој пишува дека тогашниот менаџер на Бирмингем Алекс Маклиш е подготвен да извади на маса 3 милиони фунти, за играчот кој денес стана светска фудбалска ѕвезва. Уште поинтересно е што во насловот на предметниот материјал Бејл е наречен "неуспешен". Се разбира, треба да се напомене дека во 2009 година Бејл играше  како лев бек, додека сега има доста поголема слобода и е со далеку пофанзивни функции. И постигнува голови доста често.
ИЗЈАВАТА НА ДЕЈВИД ПЛИТ- ПОРАНЕШЕН МЕНАЏЕР НА ТОТНАМ.
Поранешниот менаџер на Тотнем Дејвид Плит, сподели мислење, дека евентуалниот трансфер на Гарет Бејл во Реал Мадрид ќе биде грешка за фудбалерот.
"Според мене уште е млад, за да заигра во странство. Се сомневам дека ќе му биде лесно. Многумина прекрасни фудбалери не успевале надвор Островот. Единечни се случаите во кои трансферот бил добар, но за повеќето било многу тешко, и  впрочем грешка. Не знам што мисли, но можеби смета дека со неговата сопруга и со бебето ќе започнат нов почеток во Мадрид. За Бејл е подобро да остане во Тотнем и да продолжи да се развива, а веќе по една година да замине, ако уште го сака тоа", коментира за BBC Дејвид Плит.


НАСТАСИЌ ЕДЕН МЕСЕЦ НАДВОР ОД ТЕРЕНИТЕ !!!

-  Сити го загуби Настасиќ за месец

Централниот дефанзивец на Манчестер Сити, Матија Настасиќ нема да може да му помогне на својот тим на стартот на новата сезона, објави Sky Sports. Според информации на медиумот, повредата на 20-годишниот српски фудбалер за време на пријателски натпревар ќе го остави надвор од терените за период од еден месец.
Матија ќе се врати на тренинзите кон крајот на август или почетокот на септември, што значи дека тој ќе пропушти домаќинските средби со Њукасл и Хул Сити, како и гостувањето на Кардиф Сити.


ИГРАЧОТ НА БОЛТОН, ХОЛДЕН ПАК СЕ ПОВРЕДИ

-  Тажната приказна на Стјуарт Холден

Tешка повреда на фудбалерот на Болтон Стјуарт Холден. Фудбалерот, кој на 1 август ќе наполни 28 години, доби повреда на коленото по контакт со противнички играч уште во 18-тата минута и мораше да го напушти принудно теренот.
"Повредата изгледа многу сериозна, но јас не сум доктор и не можам да го потврдам тоа", изјави селекторот на САД Јирген Клинсман малку по победата со 1:0 против Панама во финалето на "Gold Cup". Од англискиот клуб на играчот Болтон, сепак објавија дека всушност станува збор за страшна траума - Холден е со искинати предни лигаменти на десното колено и може да го пропушти светското првенство во Бразил следната година.
Лошиот среќа почнува да го следи навистина сериозно Холден во последните три години. На 3 март 2010 година холандскиот халф Најџел де Јонг му ја крши ногата на Холден, при тоа во пријателски натпревар - помеѓу Холандија и САД. Две години подоцна - во март 2011 дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Џони Еванс го повредува тешка во коленото Холден, а раната е толку длабока, за што е потребно цели 26 конци. Во септември 2011 година Холден се враќа на теренот, но само за да се разбере дека треба повторно да влезе во болница за долго време. Се  врати  целосно на теренот дури во јануари 2013 година, но очигледно лошата среќа продолжува да го прати.


ИНТЕРВЈУ СО ЖОЗЕ МУРИЊО !!!

-  Жозе Мурињо веќе не е специјалниот, сега е среќениот

- Која е разликата помеѓу Челси пред и Челси сега?
- Треба да ги пофалам момците кои даваат се од себе. Тие не се ѕвезди, тие се добри играчи, кои се подготвени да дадат сè за тимот. Не ме сфаќајте погрешно. Јас продолжувам да сакам топ-футбалери, играчи кои ги решаваат натпревари и ги наклонуваат тасовите во твоја корист. Но ако се големи, треба да даде повеќе од другите. За мене да пофалам нормален играч е лесно. А да пофалам топ-играч, не е. Кога еден фудбалер има повеќе потенцијал од другите, треба да го искористи талент поефикасно.
- На што се обидувате да ги научите играчите, сега?
- Еден фудбалер со имагинација треба да го користи својот талент. Ако ја изгуби топката, додека се обидува да изработи или да постигне гол, нема проблем. Ако сепак само се вртка и си прави мајтапи, и ја загуби топката во средината, а потоа не се врати и примиме гол, тоа е голем проблем. Овие луѓе треба да даваат резултати, а не да се забавуваат на теренот. Не е важно да го понижиш противникот и да му ја протнеш топката меѓу нозете. Најважно е да покажеш почит и да ги постигнеш своите цели.
- Еден Азар е еден од нај-надежните млади играчи на Челси. Што ви се плановите за него?
- Ги тренирав: Џо Кол, Робен, Даф, Кристијано Роналдо, Анхел ди Марија и Месут Озил. Играчи како Еден Азар треба да имаат слобода на дејствието. Тоа момче има многу талент. Важно е што ќе направи за да го развие. Најважно е овој талент да донесе резултати - голови, асистенции, голови во големите натпревари. Во фудбалот најважни се резултатите. Јас сум подготвен да му помогнам. Подготвен сум да работам со него. Тој, исто така треба да биде подготвен.
- Хуан Мата беше избран за фудбалер на сезоната од играчите и навивачите. Ќе се потпирате ли на него?
- Нивната анкета беше моја идеја. Навивачите гледаат на тимот на еден начин, а играчите - на друг. И фактот дека Мата ги освои и двете награди, зборува многу. Луѓето го сакаат, а неговите соиграчи ја сакаат работата што ја врши. Се разбира дека тој е во моите плановите. Имам една идеја за него. Каде може да игра подобро. Ќе се обидеме да му помогнеме. Секогаш сум скал играч на десното крило да има посилена лева нога. Такви беа Робен и Даф, потоа го правевме со Пандев во Интер и Ди Марија и Озил во Реал М. Многу клубови го прават така. Во Челзи Мата е најточниот човек кој може да влегува од десното крило кон центарот. Лево го имаме Азар, Моузес, Кевин де Брујн, Шурле. Мата може да игра и во средината.
- Откако Роман Абрамович го купи Челзи, тимот ги освои сите трофеи во Англија и Европа. Има ли веројатност тој да го напушти "Стемфорд Бриџ"?
- Кој знае што ќе беше, ако тој не го купеше Челси во 2003 година? Се прашувам зошто богатите луѓе се заинтересирани за фудбалски клубови. Се сеќавам кога Роман го купи Челси, секој се прашуваше, кога ли мисли да го продаде? Дали го сака фудбалот? Сега сум 100% сигурен дека дури и при голема понуда, Роман нема да го продаде Челси.
За други сопственици не сум сигурен. Не ги познавам, не знам што мислат. Не знам до каде сакаат да стигнат и кога ќе сакаат да престанат. Секој зборуваше дека ако Челси ја освои Премиер лигата или Лигата на Шампионите, Роман ќе го продаде клубот. И сега што? Тој ја освои Премиер лигата и Лигата на Шампионите и сеуште е тука. Тој секогаш гледа кон иднината. Се сеќавам, кога почнавме да градиме тренинг комплекс во Кобем. Тогашниот извршен директор Питер Кенион и јас бевме загрижени за условите, но Роман секогаш сакаше повеќе. Зошто да направиме 4 игралишта, кога можеме да направиме 15 за децата, за иднината? Зошто да ги тренираме играчите на друго место, кога можеме даги тренираат кај нас? Тој го отвори патот на новите сопственици во англискиот фудбал. Тој направи многу и беше еден од првите. Тој даде шанса на останатите зад него да бидат добро пречекани. Во тоа време беше тешко, бидејќи Роман беше на нишан. Не бевме љубени во тоа време. Сега гледате луѓето си купуваат клубови во Франција, Англија, Италија - ете, индонезиец купува 70% од Интер. Работите се менуваат. И луѓето го прифаќаат подобро тоа.
- Многу луѓе во Англија го обвинуваат Челси дека се обидува да ја победи конкуренцијата со фрлање големи пари?
- Се сеќавам на нешто што Сер Алекс Фергусон го рече кога Јунајтед ја освои Премиер лигата во 2007 година. Тој рече дека причината неговиот тим да биде посилен во таа година, е дека Челси бил исто така многу силен. Кажа: "Во последните 2 години тие ни убија и разбравме дека она што го правиме, не е доволно". И тие вложија пари и го кренаа нивото.
- Така е, но Арсен Венгер еднаш го обвини клубот во употреба на т.н. финансиски допинг?
- Тој е многу добро човек. Кога заминав од Англија, почнавме да се гледаме почесто во УЕФА, на европските и светските првенства и дури вечеравме заедно. Кога не си со еден менаџер во едно и исто првенство, е полесно да се запознаете. Бевме заедно со други тренери на европски екипи и атмосферата беше многу пријатна. Ми се допадна, кога зборувавме за фудбал. Тој е човек со голема култура, многу отворен. Јас многу го почитувам и ќе го правам секогаш.
- Но, пред тоа не бевте големи пријатели?
- Во фудбалот е така. Дури и големите пријатели можат да кажат нешто еден за друг, што нема да им се допадне. Но на крајот јас го почитувам многу и мислам дека и тој мене исто. Не би  замерувал,  за еден проблем меѓу нас. Јас имам што да научам од него.
Тој е на чело на Арсенал веќе 17 години
Последниот ни разговор беше какојас  да останам во Челзи 17 години?
- Арсенал сепак нема трофеј веќе 8 години?
- Од моја гледна точка ова изгледа многу чудно поради мојот менталитет. Но човек може да има работено многу добро за еден клуб и покрај тоа да не освои трофеј. Луѓето го почитуваат и тој е среќен во Арсенал. Знаете дека тој имаше толку можности да замине во сите овие добри, значајни клубови кои се заинтересирани за него. И кога тој одбива и сака да остане во Арсенал, тоа е затоа што го сака ова место. И бидејќи има очекувања за иднината.

КРИСТАЛ ПАЛАС СЕ ДОГОВОРИ СО ЕЛИОТ ГРАНДЕН

-  Гранден се договори со Кристал Палас


Елиот Гранден ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата, откако се договори со Кристал Палас, соопштува "Скај Спортс".
Фудбалерот помина пробен период кај "орлите" и импресионирал со своите настапи. Тој е слободен агент откако неговиот договор со Блекпул истече и не беше обновен. Во есента 2012-та клубот кој сега е дел од Чемпионшип дивизијата, го прати на позајмица во францускиот тим, Ница.
Менаџерот Јан Холовеј одлично го познава Гранден, откако токму тој го донесе на "Блумфилд Роуд".
Договорот на 25-годишното крило најверојатно ќе биде за една сезона со опција да биде продолжен за уште едена сезона (1+1).
Во новиот клуб Кристал Палас Гранден ќе помогне да се надомести отсуството на ѕвездата Вилфред Заха, кој беше продаден на Манчестер Јунајтед.

ШПЕКУЛАЦИЈА, ОД БРИТАНИСКИ МЕДИУМ ЗА ВМЕШАНОСТ НА РОДИТЕЛИТЕ НА БЕЈЛ ВО ТРАНСФЕР САГАТА.

-  Родителите на Бејл се замеша во преговорите со Реал?

Родителите на крилото на лондонски Тотнем Гaрет Бејл се вмешани во преговорите меѓу играчот и клубот, соопштуваат британските извори. Според добиените информации, официјалните претставници на vелшанецот се сретнале со претседателот на клубот, Даниел Леви, за да разговараат за ова прашање, за неговата продажба во Реал Мадрид.
Како што пренесува изворот, родителите на играчот биле забележани во тренинг база на клубот, каде што во исто време се одржуваат состаноци. Каква сепак е улогата на мајката и таткото на Бејл не се соопштува ништо.
"Не можев да им поверувам на очите кога го видов семејство Бејл да доаѓа на тренинг база на Тотнем. Само Бог знае, за што се зборувале со г-дин Леви ", изјави извор за весникот "Сан ".


ХЈУТОН: СНОДГРАС НЕ СЕ ПРОДАВА, ТОЈ СЕ ВКЛОПУВА ВО МОИТЕ ПЛАНОВИ

-  Крис Хјутон: Снодграс не се продава

Тренерот на Норич Крис Хјутон ги коментира гласините дека Роберт Снодграс е посакуван од неколку екипи. Според последните информации, англискиот Вест Хем се надева за потписот на крилото, но Хјутон инсистира дека фудбалерот е важен за тимот.
"Клубот во моментов поседува фудбалери со кои не сака да се раздели. Не сакаме да дозволиме на играчите да си заминат. Снодграс дефинитивно спаѓа во моите планови за новата сезона" изјави Хјутон.

КОМПАНИ: ПЕЛЕГРИНИ МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИ СИТИ ПОДОБАР ТИМ

-  Компани: Пелегрини може да го направи Сити подобар

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Винсент Компани верува дека новиот тренер Мануел Пелегрини може да ја подобри играта на небесносините во одбраната. Во последните две сезони, дефанзивеците на "граѓаните" се нај-добри во Премиер лигата, но пак во групната фаза на Лигата на шампионите, Сити допушти 11 погодоци во својата мрежа.
"Пелегрини има своја визија и мислам дека како секој голем менаџер тој има претстава како тимот ќе игра. Организацијата и дисциплината се на високо ниво во тимот".
"Сметам дека тоа што тој се обидува да го додаде кон тоа што го имаме во тимот, работите кои ни недостасуваат. Е можеби да си ја подавме топката побрзо на теренот" - изјави Компани.

МОЈС: БАРА ТРПЕНИЕ-СПАСЕНИ ОД НАВИВАЧИТЕ НА КЛУБОТ

-  Мојс: Бидете трпеливи

Дејвид Мојс призна дека е подготвен за негативните реакции од страна на навивачите на тимот, но исто така, повика на трпеливост, инсистирајќи дека Јунајтед не се плаши од конкуренција.
"Ако победиш еден натпревар, луѓето почнуваат да мислат дека си добар, но изгубш ли средба, за нив стануваш непожелен специјалист. Се надевам тие да имаат малку здрав разум, и да знаат каде се движиш. Ова е огромна работа, ова е нова работа за мене. И како сите останати, за неа се бара време да се навикнеш ".
"Манчестер Јунајтед не се плаши од никого, и Манчестер Јунајтед е повеќе од среќен да се натпреваруваат со своите ривали. Овде во последно време се сменија некои работи, поради излегувањето на сцената на Парис Сен Жермен. Но Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде конкурентно способен . постои едно нешто што нема како да биде одземено - историја. Клубот направи име. постигнам успех. Ова е голем тест за секој фудбалер", изјави  Дејвид Мојс.