- Два тима во битка за Реми
Вест Хем и Њукасл се насочени кон ѕвездата на Квинс Парк Ренџерс Лоик Реми, тврди The Daily Star. Менаџерот на "чеканите" Сем Алардајс, изјавил силна желба да го има во својот состав напаѓачот, и се надева двајцата со Енди Керол да создадат ударно дуо.
Тренерот на "страчки" Алан Пардју од своја страна, исто така сака да донесе французинот, но на позајмица и како резервна опција. Ова го става лондонскиот клуб како фаворит за потписот на фудбалерот и се очекуваат преговори во најскоро време.
Од раководството на КПР определија цена за Реми во вредност од 10 милиони евра и од Вест Хем се надеваат да го спуштат малку бараниот износ. Предходно во текот на летото од КПР изјавуваа дека немаат намера да ја продаваат својата ѕвезда, но го имаат зедено во предвид барањето на напаѓачот за трансфер.

No comments:
Post a Comment