- Насри: Пелегрини ме потсетува на Венгер
Фудбалерот на Манчестер Сити Самир Насри призна дека новиот менаџер Мануел Пелегрини со своите методи на работа го потсетува на Арсен Венгер од Арсенал.
"Во моментов се се одвива добро. Пелегрини разговара со играчите, поради тоа и фудбалерите точно знаат што тој прави - знаат дали тоа е добро или лошо. Нешто што мене ми се допаѓа во него, е тоа што тој зборува за сè, зад сцената на фудбалот. Тој разговара за приватноста, за различни нешта, како психолог е многу важно да ги разбира овие нешта. Тоа е убаво ", изјави Насри.
"Со својот пристап кон работата тој ме потсетува на Арсен Венгер. Истите вежби, со истото расположение. Разликата помеѓу него и моите претходни тренери се состои во тоа што, тој е многу активен за време на тренинзите. Не се плаши исто така да ја прекине тренингот, кога нешто не е како што треба ", рече уште самир Насри.

No comments:
Post a Comment