- Тотнем сака да го врати Модриќ во замена за Бејл
Трансферната сага околу Гарет Бејл продолжува да е централната тема за спортската печат во Шпанија и Англија.
Според "The Times" на најновата понуда на кралскиот клуб, Леви е одговорил со контра предлог. Тој сака да го врати на "Вајт Харт Лејн" бившиот играч на тимот Лука Модриќ. Хрватот беше продаден на Реал Мадрид минатото лето, но не успеа да се наметне како стартер на "Сантијаго Бернабеу".
"Daily Mail" сепак има друга верзија. Изданието смета дека Тотнем сепак ќе се договори со Реал за цената на Бејл и со дел од добиените пари ќе се вклучи во битката за потписот на Луис Суарез. Како што е познато, уругваецот сака да ги напушти "црвените", но едвај би прифатил понудата од тим, кој нема да игра во Лигата на Шампионите.

No comments:
Post a Comment