- Реал Мадрид понудил 85 милиони фунти за Бејл
Реал Мадрид понудил 85 милиони фунти за трансферот на полудефанзивецот на Тотнем Гaрет Бејл, соопшти Sky Sports. Според информациите, понудата е внесена во лондонскиот клуб пред една недела, играчот знае за неа, и е незадоволен од пасивноста на раководството на "Спарси". Реал при тоа нема намера да вклучува свои фудбалери како дел од договорот. Медиумите објавија исто така, дека позицијата на претседателот на лондончани Даниел Леви остана како порано - Бејл не се продава.
ШТО НАПИША "ДЕЈЛИ МЕЈЛ" ПРЕД 4 ГОДИНИ ЗА БЕЈЛ ?
На 26 јули во онлајн изданието на "Дејли Меил" се појави информација дека Тотенхем сака 103,5 милиони фунти (120 милиони евра) за Велшанецот. Пред 4 години, на 21 октомври 2009, повторно "Дејли Меил" објави материјал за Бејл, во кој пишува дека тогашниот менаџер на Бирмингем Алекс Маклиш е подготвен да извади на маса 3 милиони фунти, за играчот кој денес стана светска фудбалска ѕвезва. Уште поинтересно е што во насловот на предметниот материјал Бејл е наречен "неуспешен". Се разбира, треба да се напомене дека во 2009 година Бејл играше како лев бек, додека сега има доста поголема слобода и е со далеку пофанзивни функции. И постигнува голови доста често.
ИЗЈАВАТА НА ДЕЈВИД ПЛИТ- ПОРАНЕШЕН МЕНАЏЕР НА ТОТНАМ.
Поранешниот менаџер на Тотнем Дејвид Плит, сподели мислење, дека евентуалниот трансфер на Гарет Бејл во Реал Мадрид ќе биде грешка за фудбалерот.
"Според мене уште е млад, за да заигра во странство. Се сомневам дека ќе му биде лесно. Многумина прекрасни фудбалери не успевале надвор Островот. Единечни се случаите во кои трансферот бил добар, но за повеќето било многу тешко, и впрочем грешка. Не знам што мисли, но можеби смета дека со неговата сопруга и со бебето ќе започнат нов почеток во Мадрид. За Бејл е подобро да остане во Тотнем и да продолжи да се развива, а веќе по една година да замине, ако уште го сака тоа", коментира за BBC Дејвид Плит.

No comments:
Post a Comment