- Забранетите зборови во Ливерпул
По бројните инциденти на Луис Суарез - и расистички, и искрено груби - во Ливерпул беа принудени да подготват специјален кодекс на однесување за своите фудбалери и навивачи.
"Клубот сака на стадионот да биде искоренета секоја форма на дискриминација, без оглед дали на теренот или надвор од него", се вели во соопштението на Ливерпул.
Изготвен е список со зборови и фрази, некои од нив брутално навредливи, подредени по видови дискриминација, кои се забранети за употреба. "Се разбира, важен е и контекстот, но оваа листа содржи зборови и изрази, кои ние во клубот ги сметаме за погрдни, и нема да ги толерираме," велат уште од "Енфилд".
Ливерпул е првиот фудбалски тим, кој е вклучен во движење за борба против нетолеранцијата.

No comments:
Post a Comment