- Бејл му соопшти на Вила-Боаш дека сака да премине во Реал
Денес полудефанзивецот на Тотнем Гарет Бејл ја посетил тренинг база на клубот, на која има поминато околу пет часа. Според информациите Бејл се сретнал со менаџерот на тимот Андре Вилаш-Боаш и ја потврдил својата желба да го напушти "Вајт Харт Лејн" во сегашниот трансфер прозорец.
Исто така Бејл му соопштил на португалскиот специјалист дека сака да премине во Реал Мадрид.
"Дејли мејл" тврди дека во Тотнем останале непријатно изненадени од директните зборови на Бејл, дека сака да си замине и размисле за следниот потег.

No comments:
Post a Comment