Saturday, 31 August 2013

ЧЕЛСИ СЕ ОТКАЖА ОД РУНИ.

-  Челси веќе не претендира за Руни

Тренерот на Челси, Жозе Мурињо потврди дека неговиот клуб се откажал од обидите да го донесе напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
"Ние завршивме. Имаме добар состав. Самуел ќе му даде друг квалитет на нашиот напад. Тој е искусен фудбалер во тимот, кој има потреба од искусни играчи. За сите страни преговорите (за Руни) завршија. Работа е преку други луѓе да кажеш, дека ти сакаш нешто, многу го сакаш, но на крајот ... Чувствувам, дека секој е во право кога си го уредива животот, својата иднина и јас го почитувам тоа ", изјави Мурињо.

ЛИВЕРПИЛ БЛИСКУ ДО САКО И ИЛОРИ

-  Ливерпул е близу дo Сако и Илори

Последните нови засилувања за Ливерпул во летниот преоден рок најверојатно ќе бидат дефанзивецот Мамаду Сако од ПСЖ и Тиаго Илори од Спортинг. Според последните информации, англискиот клуб е во контакт со овие фудбалери и се надева дека ќе ги реализира двата трансфери овој викенд. Се очекува денес Сако и Илори да пристигнат во Мерсисајд каде ќе преминат медицински прегледи.
Трансферот на 23-годишниот Сако ќе ги чини "црвените" околу 13 милиони фунти, иако синоќа француската TF 1 соопшти дека Ливерпул ќе плати за дефанзивецот околу 20 милиони фунти. За трансферот на Илори, се претпоставува дека 21-годишниот фудбалер ќе ги чини англичаните околу 6 милиони фунти.

ПЕТТО КОЛО - CHAMPIONSHIP.

НАЈАВА


Петтото коло во Чемпионшип дивизијата се игра денес Сабота 31.08.2013 година. Првиот натпревар на програмата е дерби средбата со учество на поранешите екипи во Премиер лигата, Лидс Јунајтед и КПР. Средбата започнува во 13:15 часот средно европско време. Останатите 11 натпревари се играат во традиционалното време од 16 часот, а еден од најитересниот натпревар се игра помеѓу екипите на Виган Атлетик и лидерот на табелата Нотингем Форест, средбата започнува во 16 часот на "DW Stadium" во Виган. 
Програмата за денешното коло во Чемпионшип дивизијата:

АЛИ СИСОКО АУТ ШЕСТ НЕДЕЛИ ОД ТЕРЕНИТЕ.

-  Ново засилување на Ливерпул  аут шест недели

Левиот бек Али Сисоко ќе ја лекува повредата во глуждот во наредните шест недели, откри менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс. Сисоко, кој дебитираше за Ливерпул во вторникот против Нотс Каунти, остана на теренот само девет минути, пред да биде принудно заменет.
"Ситуацијата со младиот Али не е добра. Во моментов тој се движи со помош на патерици и ќе се рехабилитира најмалку шест недели. Ова е голем удар за нас", рече Роџерс.

ЈУНАЈТЕД СО ПОНУДА ЗА ДЕ РОСИ ОД РОМА.

-  Манчестер Јунајтед со понуда за Де Роси

Манчестер Јунајтед испрати понуда во вредност од 12 милиони евра за полудефанзивецот на Рома, Даниеле де Роси, пренесе "Скај Италија".
Според медиумите, иако се чини дека италијанскиот репрезентативец е во трансферната листа на клубот од Манчестер, многу веројатно е "црвените ѓаволи" да добијат негативе одговор.
Самиот Де Роси исто така не е многу заинтересиран за можноста да заигра на "Олд Трафорд", дополнуваат од изданието.

ЧАЛОБА ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО ЧЕЛСИ.

-  Млад играч останува на "Стемфорд Бриџ"

Младиот фудбалер на Челси, Натаниел Чалоба потпиша нов 5-годишен договор со клубот.
18-годишниот фудбалер уште нема официјалено деби за Челси, но минатата сезона импресионира со настапите во Ватфорд, каде беше на позајмица, и Жозе Мурињо е импресиониран од него.
"Тој е многу, многу добар играч и ми се допаѓа многу. Без сомнение тој е дел од иднината на клубот ", коментира Мурињо.
"За мене ова е одлична вест и доказ дека во клубот ми имаат доверба. Мислам дека се развивив многу, но има уште што да усовршувам. Тренинзите во Челси се големо искуство, на што се насладувам" коментира играчот.

ЈАНГ НА ЕНФИЛД НЕ ОЧЕКУВА ТЕЖОК НАТПРЕВАР

-  Јанг: На Енфилд ќе биде жешко

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ашли Јанг не очекува лесен натпревар на "Енфилд" против Ливерпул.
"Не мислам, дека постоеле моменти кога овде пристигнал Манчестер Јунајтед и Ливерпул не бил подготвен за средбата. Познато е, какво големо ривалство постои помеѓу овие два тима. Средбата ќе се одигра во жешка атмосфера. Но секој сака да игра во такви натпревари, токму за ова сонуваш од дете. Знаеме што не очекува. Ќе се обидеме да ги запазиме главите ладни, нека навивачите си навиваат, ние ќе се трудиме правилно да си ја вршиме работата ".
"Мојс веќе ни предупреди дека ние ќе учествуваме во четири натпреварувања и ќе се обидеме да ги освоиме сите. Кога ќе дојдеш на место како ова во Манчестер Јунајтед, ти сакаш да постигнуваш успеси. Ги гледаш клупските трофеи и историјата и сакаш да бидеш дел од тоа. Сите ние сме со менталитет на победници. Тоа се гледа дури и на тренинзите, каде што никој не сака да губи. Ако го правиш на тренинзите, тоа се пренесува и во конкретниот натпревар. Сакаме да ја зачуваме за себе титулата, која ја освоивме во минатата сезона "изјави Јанг.


БЕНДТНЕР ОСТАНУВА ВО АРСЕНАЛ.

-  Бендтнер останува во Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека не планира да се раздели со напаѓачот на клубот Никлас Бендтнер. Како што е познато, 25-годишниот данец се врати од Јувентус, каде играше на позајмица, а обидите да биде продаден на клуб од Бундес лигата се покажаа неуспешни.
"Веројатноста, тој да замине е многу мала. Ако остане, ќе биде убаво да тренира и да влезе во добра, многу добра форма, тогаш јас ќе го користам", изјави Венгер.

НАСТАСИЌ СЕ ВРАТИ ВО ТИМОТ НА СИТИ.

-  Настасиќ се врати во тимот

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Матиа Настасиќ се излекува од повредата и е подготвен да му помогне на својот тим во следниот натпревар на "граѓаните" со Хал Сити. Ова го соопшти лично менаџерот на тимот Мануел Пелегрини, кој раскажа за состојбата на српскиот дефанзивец, и за други свои фудбалери.
"Мати е целосно подготвен за следниот натпревар. Центарот на заштитата е неговата вистинска позиција, поради тоа најпродуктивно ќе е биде да го користиме таму. Што се однесува до Компани, ситуацијата останува непроменета - тој е надвор од игра од четири до шест недели. Ричардс не може да земе учество во следниот натпревар, но од следната недела почнува со тренинзи".

БЕЈЛ ГИ ДОГОВОР ЛИЧНИТЕ УСЛОВИ СО РЕАЛ, НО ТОТНЕМ ГО КОЧИ ТРАНСФЕРОТ ПОРАДИ НАМЕРИТЕ НА АРСЕНАЛ.

-  Бејл ги договори личните условите во договор со Реал

Полудефанзивецот на Тотнем, Гарет Бејл ги договори личните условите  во договор со Реал Мадрид , соопшти Би Би Си. Сега останува само да се чека, двата клуба да ја договорат зделката. Преговорите за личниот договор на играчот продолжија неколку дена, но на крајот сите формалности беа оформени, а сето тоа не влијаеше на вкупниот процес на завршување трансферот на играчот .
Денеска од " кралскиот клуб " соопшти дека има проблеми по ова прашање, но се надеваат дека тие ќе бидат брзо решени . Се претпоставува дека спорот меѓу страните е за начинот на плаќање на трансферот .
Тотнем има намера да оформи трансферот на полудефанзивецот Гарет Бејл во Реал Мадрид по неделниот натпревар од 3-тото коло на Премиер лигата на Англија против Арсенал. Според информациите, раководството на лондонскиот клуб не сака да го реализира трансферот, бидејќи трансферот на велшанецот ќе им овозможи на Арсенал да ги донесат Месут Озил, Карим Бензема или Анхел Ди Марија пред дербито.
Поради оваа причина Тотнем го одложува договорот до последниот ден , за да спречи директниот конкурент за топ 4 да се засили . Како што е познато, Арсенал до овој момент потпиша со само двајца фудбалери и тоа со слободни трансфери.


НЕ ИЗДРЖА ТАКТИКАТА НА МУРИЊО, ЧЕЛСИ ПОРАЗЕН ОД БАЕРН ВО СУПЕР КУПОТ НА ЕВРОПА.

-  Баерн на Гвардиола го крена Суперкупот на Европа

Носителот на трофејот во Лигата на Шампионите Баерн Минхен е новиот носител на Суперкупот на Европа . Баварците го победија носителот на Купот на УЕФА, Челси по изведувањето на пенали во финалето кој се одигра во Прага . Во редовните 90 минути натпреварот заврши со резултат 1:1 . Двата тима постигнаа по еден гол и во продолженијата . При пеналите сепак Баерн триумфираше со 5:4 , за лондончани Лукаку не реализираше пенал, кој беше последен изведувач за својот тим. Челси играше со човек помалку од 85-тата минута , откако Рамиреш доби вториот жолт картон.
Првото погодок во натпреварот го постигна Фернандо Торес во 8 -та минута. Франк Рибери со моќен удар го израмнирезултат 1:1.Тоа беше конечен резултат по 90 минути игра. Во третата минута на првото продолжение Азар постигна гол за Челси, со силен удар го совлада Нојер и го доведе Челси во водство од 2:1. Чех имаше уште неколку херојски интервенира, но беше беспомошен во последната минута на второто продолжение 120+1, кога беше совладан одблиску по грешката на одбраната на Челси, а голот го постигна Хави Мартинес. 

BAYERN: Neuer , Rafinha , Alaba , Boateng , Dante , Lahm , Kroos , Ribery , Robben , Mueller , Mandzukic ; Subs: Martinez , Shaqiri , Goetze.

CHELSEA: Cech , Ivanovic , Cole , Luiz , Cahill , Ramires , Lampard , Schurrle , Hazard , Oscar , Torres ; Subs: Terry , Mikel , Lukaku.
MAN OF THE MATCH: Petr Cech (Chelsea)

    

ПЕНАЛИ:

 

ОФИЦИЈАЛНО: ЕРИКСЕН Е ИГРАЧ НА ТОТНЕМ

-  Тотнем објави дека потпишал со Ериксен

Тотнем објави, дека го донел халфот на Ајакс, Кристијан Ериксен. Според информациите, 21-годишниот фудбалер има склучено со лондонскиот клуб долгорочен договор, чии финансиски параметри и рок не се соопштуваат.
Се претпоставува дека трансферот на данскиот репрезентативец го чини Тотнем 12 милиони евра, кои ќе бидат исплатени на три рати од по 4 милиони евра.

Friday, 30 August 2013

ВЕНГЕР: МИ НУДАД ПО 50 ЛУЃЕ НА ДЕН, НО НИЕ ИМАМЕ СВОЈА СТРАТЕГИЈА ЗА ТРАНСФЕРИ

-  Венгер: Ми нудат по 50 луѓе на ден

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер раскажа за својата стратегија во последните денови на трансфер прозорецот.
"Нема да правиме глупави постапки само за да се каже, дека правиме нешто. Можам да ви го дадам телефонот и да видите, дека на мене ми нудат 50 играчот на ден. Сфаќам, дека на луѓето им се допаѓа да читаат, кој каде отишол и кој од каде си тргнал. Но, ако навистина го сакате фудбалот, уште поважно од сето ова е она што се случува на теренот. Ние си имаме свој стил, имаме добри играчи, ајде да се фокусираме на тоа. Не сакав да потпишувам со Фламини. Но, околностите и неговиот однос кон работата ме убедија да го направи тоа. Не очекував дека Матио ќе биде во таква форма", изјави Венгер.

ОФИЦИЈАЛНО: ЛАМЕЛА Е ИГРАЧ НА ТОТНЕМ

-  Тотнем го објави трансферот на Ламела

Тотнем го објави трансферот на полудефанзивецот на Рома, Ерик Ламела. Според информациите, 21-годшният аргентинец има склучено со клубот долгорочен договор. Тотнем плати 30 милиони евра за Ламела плус 5 милиони евра римјаните ќе добијат во форма на бонуси.
Во шампионатот на Италија сезона 2012/13 Ламела настапи на 33 натпревари и постигна 15 гола.

АТЛЕТИК БИЛБАО ГО ОДБИ ЈУНАЈТЕД ЗА ЕРЕРА

-  Јунајтед пак удари на камен

Манчестер Јунајтед понудил 30 милиони за фудбалерот на Атлетик Билбао Андерс Ерера, но предлогот бил одбиен. Ова го откри директорот на клубот Јурутија. 
"Има понуда од Манчестер за Ерера. Нашиот клуб е различен од другите. Нашата цел не е да се прават пари. Го сметаме Атлетик како уникатен клуб и фудбалерите исто така треба да мислат вака. Добивме понуда вчера. За да се разделиме со еден наш фудбалер, тој мора да покаже дека го сака тоа".
Клаузула на Херера е вреден 36 милиони евра и ако"црвените ѓаволи" сакаат да потпишат со 24-годишниот играч ќе мора да извадат оваа сума.