- Бендтнер останува во Арсенал
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека не планира да се раздели со напаѓачот на клубот Никлас Бендтнер. Како што е познато, 25-годишниот данец се врати од Јувентус, каде играше на позајмица, а обидите да биде продаден на клуб од Бундес лигата се покажаа неуспешни.
"Веројатноста, тој да замине е многу мала. Ако остане, ќе биде убаво да тренира и да влезе во добра, многу добра форма, тогаш јас ќе го користам", изјави Венгер.

No comments:
Post a Comment