- Јанг: На Енфилд ќе биде жешко
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ашли Јанг не очекува лесен натпревар на "Енфилд" против Ливерпул.
"Не мислам, дека постоеле моменти кога овде пристигнал Манчестер Јунајтед и Ливерпул не бил подготвен за средбата. Познато е, какво големо ривалство постои помеѓу овие два тима. Средбата ќе се одигра во жешка атмосфера. Но секој сака да игра во такви натпревари, токму за ова сонуваш од дете. Знаеме што не очекува. Ќе се обидеме да ги запазиме главите ладни, нека навивачите си навиваат, ние ќе се трудиме правилно да си ја вршиме работата ".
"Мојс веќе ни предупреди дека ние ќе учествуваме во четири натпреварувања и ќе се обидеме да ги освоиме сите. Кога ќе дојдеш на место како ова во Манчестер Јунајтед, ти сакаш да постигнуваш успеси. Ги гледаш клупските трофеи и историјата и сакаш да бидеш дел од тоа. Сите ние сме со менталитет на победници. Тоа се гледа дури и на тренинзите, каде што никој не сака да губи. Ако го правиш на тренинзите, тоа се пренесува и во конкретниот натпревар. Сакаме да ја зачуваме за себе титулата, која ја освоивме во минатата сезона ", изјави Јанг.

No comments:
Post a Comment