Saturday, 31 August 2013

ЧАЛОБА ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО ЧЕЛСИ.

-  Млад играч останува на "Стемфорд Бриџ"

Младиот фудбалер на Челси, Натаниел Чалоба потпиша нов 5-годишен договор со клубот.
18-годишниот фудбалер уште нема официјалено деби за Челси, но минатата сезона импресионира со настапите во Ватфорд, каде беше на позајмица, и Жозе Мурињо е импресиониран од него.
"Тој е многу, многу добар играч и ми се допаѓа многу. Без сомнение тој е дел од иднината на клубот ", коментира Мурињо.
"За мене ова е одлична вест и доказ дека во клубот ми имаат доверба. Мислам дека се развивив многу, но има уште што да усовршувам. Тренинзите во Челси се големо искуство, на што се насладувам" коментира играчот.

No comments:

Post a Comment