- Настасиќ се врати во тимот
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Матиа Настасиќ се излекува од повредата и е подготвен да му помогне на својот тим во следниот натпревар на "граѓаните" со Хал Сити. Ова го соопшти лично менаџерот на тимот Мануел Пелегрини, кој раскажа за состојбата на српскиот дефанзивец, и за други свои фудбалери.
"Мати е целосно подготвен за следниот натпревар. Центарот на заштитата е неговата вистинска позиција, поради тоа најпродуктивно ќе е биде да го користиме таму. Што се однесува до Компани, ситуацијата останува непроменета - тој е надвор од игра од четири до шест недели. Ричардс не може да земе учество во следниот натпревар, но од следната недела почнува со тренинзи".

No comments:
Post a Comment