- Ново засилување на Ливерпул аут шест недели
Левиот бек Али Сисоко ќе ја лекува повредата во глуждот во наредните шест недели, откри менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс. Сисоко, кој дебитираше за Ливерпул во вторникот против Нотс Каунти, остана на теренот само девет минути, пред да биде принудно заменет.
"Ситуацијата со младиот Али не е добра. Во моментов тој се движи со помош на патерици и ќе се рехабилитира најмалку шест недели. Ова е голем удар за нас", рече Роџерс.

No comments:
Post a Comment