- Венгер: Ми нудат по 50 луѓе на ден
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер раскажа за својата стратегија во последните денови на трансфер прозорецот.
"Нема да правиме глупави постапки само за да се каже, дека правиме нешто. Можам да ви го дадам телефонот и да видите, дека на мене ми нудат 50 играчот на ден. Сфаќам, дека на луѓето им се допаѓа да читаат, кој каде отишол и кој од каде си тргнал. Но, ако навистина го сакате фудбалот, уште поважно од сето ова е она што се случува на теренот. Ние си имаме свој стил, имаме добри играчи, ајде да се фокусираме на тоа. Не сакав да потпишувам со Фламини. Но, околностите и неговиот однос кон работата ме убедија да го направи тоа. Не очекував дека Матио ќе биде во таква форма", изјави Венгер.

No comments:
Post a Comment