- Манчестер Јунајтед со понуда за Де Роси
Манчестер Јунајтед испрати понуда во вредност од 12 милиони евра за полудефанзивецот на Рома, Даниеле де Роси, пренесе "Скај Италија".
Според медиумите, иако се чини дека италијанскиот репрезентативец е во трансферната листа на клубот од Манчестер, многу веројатно е "црвените ѓаволи" да добијат негативе одговор.
Самиот Де Роси исто така не е многу заинтересиран за можноста да заигра на "Олд Трафорд", дополнуваат од изданието.

No comments:
Post a Comment