- Видиќ: Треба да ги подобриме перформансите
Еден од најискусните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ призна дека тимот треба да ги подобри перформансите во некои области .
"Не би рекол дека сме загрижени, но тврдам дека треба да го подобриме претставувањето во некои области. Исто така не ни се допаѓа, што не постигнуваме гол. Меѓутоа, сепак сме уште на почетокот на сезоната и ни претстојат уште многу натпревари, некои ќе бидат прилично тешки. Во првиот натпревар против Свонси успеавме да постигнеме четири гола, но јас не се судам за натпреварите само по головите кои ги постигнуваме. Од секој натпревар можеш да си извадиш позитиви и негативи, дури и од натпреварот против Ливерпул . Мислам дека натпреварите против Челси и "црвените" беа многу здрави и ние не им дадовме на нашите противници ништо. Натпреварот против Ливерпул беше многу лесен за одбраната . Дури не се сеќавам дека сме имале толку лесен натпревар во одбрана. Тие не изгледаа опасни, но сепак постигнаа еден гол. Ние пак ја држевеме топката, но не успеавме да ги завршиме нападите. Имавме прилично статични ситуации, но сепак не успеавме да ги искористиме шансите. Генерално бевме подобриот тим, но едноставно не ги освоивме трите точки", изјави Видиќ , цитиран од "Сан" .














