- Правници од Билбао се обиделе да го реализираат трансферот на Ерера
Луѓето кои се занимавале со трансферот на Андерс Ерера во Манчестер Јунајтед биле правници од Билбао. Синоќа беше објавено дека тројца луѓе, се обидоа да реализираат трансферот на 24-годишниот шпанец од Атлетик Билбао. Целата операција била со согласност на Манчестер Јунајтед, каде што се надевале зделката да стане факт до крајот на трансфер прозорецот.
Според законите на Шпанија, плаќање на трансферот може да се реализира само од Манчестер Јунајтед, во спротивен случај вредноста на трансфрот се оданочува со дополнителен данок од 45% и на таков начин шампионот на Англија требаше да плати 63.6 милиони евра.
Тројцата адвокати останале околу еден час во канцеларијата на Фудбалската федерација на Шпанија, објаснувајќи дека чекаат официјална потврда од Манчестер Јунајтед. Најверојатно англичаните дознале за дополнителниот данок и во последен момент се дистанцирале од тројцата адвокати што доведе до неуспех на трансферот на Ерера.

No comments:
Post a Comment