- Евертон ќе добие за Фелаини околу 20 милиони фунти
Стандард ќе добие околу 8 милиони евра од трансферот на полудефанзивецот Маруан Фелаини од Евертон во Манчестер Јунајтед, соопштува La Derniere Heure. Според информациите на белгискиот клуб ќе добие 25% од вкупната сума на трансферот, која во случајот со Маруан е 31,8 милиони евра.
Пунктот за тоа бил потпишан уште во 2008 година, кога Стандард и Евертон склучуваат договор за продажба на Фелаини. Тоа значи дека "карамелите" ќе добијат од целата зделка помалку од 24 милиони евра (20.35 милиони фунти).
Како што е познато, трансферот на Маруан во Манчестер Јунајтед беше реализиран во последните минути од трансфер прозорецот и пбјавен еден час по нејзиното затворање.

No comments:
Post a Comment