- Озил: Возбуден сум од трансферот
Новото засилување на Арсенал, Месут Озил не го криеше своето задоволство од трансферот на "Емирејатс", и призна дека трансферот бил големо изненадување за сите околу него.
"Работите се одвиваа поинаку од очекуваното во последните неколку дена. Сите во клубот, како и јас самиот останавме изненадени од развојот на нештата. Благодарам на Реал Мадрид за прекрасните 3 години, кои ќе останат посебни за мене. Му посакувам на клубот се најдобро и многу успеси во иднина. Сега сум го насочил своето внимание кон мојот нов тим - Арсенал. Морам да признаам дека сум возбуден од трансферот, бидејќи се приклучив на голем тим и ќе имам можност да играм во Премиер лигата. Ова ќе помогне за мојот развој како фудбалер. Ќе ми биде интересно и љубопитно да работам со Арсен Венгер. Јасно е, дека клубот е многу амбициозен и сакам да бидам дел од оваа возбудлив иднина ", вели Месут Озил.

No comments:
Post a Comment