- Бироф: Озил ќе се развива во Арсенал
Главниот менаџер на Германија, Оливер Бироф смета дека Месут Озил ќе продолжи да се развива во позитивна насока по трансферот во Арсенал од Реал Мадрид.
"Ова е важен чекор за него, особено во годината, на Светското првенство. Во светот на фудбалот денес, сè се движи брзо. Кога нов тренер пристигнува, многу работи се менуваат".
"Ова не е драма, тоа е бизнис", заврши Бироф.
Озил може да го направи своето деби за "топџиите" во следниот натпревар против Сандерленд.
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо не пропушти да коментира за новото засилување на Арсенал, Месут Озил и не штедеше пофалби кон поранешниот играч на Реал Мадрид.
"Озил е уникатен фудбалер - нема друг играч како него. Смело изјавувам, дека тој е најдобриот № 10 во светот. Многу луѓе гледаат во него фудбалер сличен на Фиго и Зидан. Секогаш работел напорно и секогаш давал сè од себе за тимовите во кои бил. Многу сака да ја добие топка и да ја гради играта на својот тим, со своите пасови. По тоа се разликува од Меси, кој сака Барселона да игра за него ", вели Жозе Мурињо.

No comments:
Post a Comment