- Бендтнер е разочаран што останал во Арсенал
Напаѓачот на Арсенал, Никлас Бендтнер даде изјава порано во текот на денот, во кја вели дека е разочаран од останувањето на "Емирејтс", откако му пропадна трансферот во Кристал Палас.
"Не е тајна дека со Арсенал имавме договор, дека ќе го напушти клубот ова лето, ако стигне понуда. Неколку тимови ме побараа минатата недела, но раководството не успеа да купи друг напаѓач и ги одби сите предлози. Сосема е природно да сум разочаран од останувањето во Арсенал. Очекував со нетрпение и радост нов предизвик, нов тим и нов почеток во Англија. Многу нешта и многу лаги беа изречени во текот на годините за мојата иднина во клубот. Вистината е, што само сакам да играм фудбал. Арсенал е фантастичен тим и секој фудбалер би сакал да биде дел од тимот. Сеуште сметам дека сум достоен да бидам играч на овој клуб и ќе го докажам на навивачите во оваа сезона ", коментира Никлас Бентнер.

No comments:
Post a Comment