- Вивиано: Ќе се борам со Шчесни за место во Арсенал
Новото засилување на Арсенал, голманот Емилијано Вивиано изјави дека ќе се бори со Војчех Шчесни за стартното место во тимот.
"Мислам дека е убаво што има и други одлични фудбалери овде. Борбата е позитивна работа. Ние сме на работа секој ден и мислам дека ќе има големо пријателство. Знам дека Фабиански немаше среќа со некои повреди минатата сезона. Секогаш гледав како Шчесни брани, тој е фантастичен голман. Ќе се натпреваруваме со него ".
"Се чувствувам добро, за мене беше сон, што потпишав со Арсенал. Не беше тешко, тоа е еден од најдобрите тимови во светот. Тоа е клуб со фантастична приказна, со шеф кој е еден од најдобрите во Европа и за мене тоа е една посебен сон ".
"Знам многу работи за Премиер лигата, бидејќи го сакам англискиот начин на размислување за фудбалот и спортот. Различно, секогаш се полни стадионите, на секој еден клуб - без разлика дали тимот е помал или од мал град".
"Се надевам дека со моето искуство ќе му помогна на Арсенал да го добие секој натпревар, а тимот да ми помогне да си го врати местото во националниот тим", изјави Вивиано.

No comments:
Post a Comment