CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Wednesday, 4 September 2013

ЛЕВИ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО СПРЕЧИ ТРАНСФЕРОТ НА ОЗИЛ ВО АРСЕНАЛ.

-  Леви се обидел да го спречи трансферот на Озил во Арсенал

Претседателот на Тотнем, Даниел Леви се обидел да го спречи трансферот на Месут Озил во Арсенал, тврдат шпански извори. Според информациите на изворот, шефот на "Спарс" му се јавил со оваа цел на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во Понеделникот, повикувајќи се на спогодбата за партнерство, склучен помеѓу двата клуба за време на трансферот на Лука Модриќ минатата година.
Перес сепак учтиво одбил да го откаже договорот и одговорил дека трансферот на Озил во Арсенал практично е завршен.
Интересно е што до овој момент Леви се интересирал за евентуален трансфер на Озил во рамките на договорот со Бејл, но Реал не планирал да го продаде играчот. По се изгледа дека шпанците се одлучиле да се разделат со германскиот репрезентативец во текот на викендот.

No comments:

Post a Comment