- Фулам ги покажа новите резервни дресови
Лондонски Фулам ги покажа новите резервни дресови на тимот за сезоната 2013/14 во англиската Премиер лига.
Како што и официјално од "Крејвен Котиџ" истакнуваат, новата опрема нa adidas е во ретро стил, враќајќи ги спомене за боите на Фулам од сезоната 2000/01.
Тогаш "котиџерс" ги запишаа некои од најпознатите и незаборавни моменти во историјата, освојувајќи промоција во Премиер лигата со импресивна предност со освоени 101 поени.
Новите дресови на Фулам беа претставени од легендите на клубот, честа ја добија Кит Симонс, Луис Боа Мортен и Руф Бревет.
"Ги сметаме овие дресови, за едни од највозбудливите наши дресови досега", велат од Фулам. Новата опрема на лондончани е во црвена и бела боја.

















