- Вест Хем планира да купи австриски репрезентативец
Напаѓачот на Вердер Марко Арнаутовиќ се најде во сферата на интересите на Вест Хем, објавија британските медиуми. Според информациите, менаџерот на "чеканите" Сем Алардајс му се допаѓаат брзитнта и универзалноста на 24-годишниот фудбалер од националниот тим на Австрија, кој е способен да игра како крило, така и во својство на централен напаѓач.
Играчот веќе е зацртан во видното поле на неколку шпански клуба, но веројатноста Марко да ја продолжи кариерата во Примера е многу мала, освен тоа самиот фудбалер сака да се премести во Лондон. Оваа варијанта со Арнаутовиќ за Вест Хем е најприфатлива, бидејќи трансферот на играчот нема да има висока цена.

No comments:
Post a Comment