- Иднината на Руни зависи од навивачите
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ќе донесе одлука дали да го напушти клубот или да остане во зависност од реакцијата на навивачите.
Англискиот репрезентативец беше обвинет од поранешниот менаџер Алекс Фергусон дека усно побарал да биде трансфериран по крајот на минатата сезона. Самиот играч не го потврди тоа, но не го криеше својот гнев на реакција откако наследникот на Сер Алекс Дејвид Мојс најави дека не го гледа како прв избор за нападот.
27-годишниот Вејн досега не учествувал во ниту еден од натпреварите на "црвените ѓаволи" од летната подготовка, но пак се очекува да игра против АИК Стокхолм во натпревар во чест на Рио Фердинанд.
Според американската телевизија ESPN реакцијата на навивачите на Руни во овој натпревар ќе му даде основа да донесе конечна одлука за својата иднина.
Челзи е најсериозен кандидат за потписот на ѕвездата и дури веќе упати понуда во вредност од 20 милиони фунти, која беше одбиена.

No comments:
Post a Comment