- Реднап: Бејл сака да го напушти Тотнем
Поранешниот менаџер на Тотнем Хари Реднап го искажа своето мислење, дека полудефанзивецот Гaрет Бејл сака да го напушти клубот и да премине во Реал Мадрид.
"Мислам дека нема да му биде лесно на Бејл да го напушти Тотнем. Искрено, претпоставувам дека навистина сака да си замине, но тој не сака да зборува за тоа на глас. Но од различни извори знам дека тоа е неговата желба"
"Кога како момче почнеш да играш фудбал, ти сонуваш да играш во Реал. Кога бев мал, пред моите очите имаше еден голем тим, во кој играа Пушкаш, Ди Стефано, Хенто. Реал е посебен клуб, а можноста да играш во него се паѓа еднаш во животот. како што рече Зидан, од таков предлог нема како да се откажеш ", изјави Реднап.

No comments:
Post a Comment