- ПСЖ го објави трансферот на Лугано во ВБА
Дефанзивецот Диего Лугано ќе ја продолжи кариерата во ВБА, соопшти официјалниот сајт на Пари Сен Жермен, кој ги поседува правата на играчот. Уругваецот пристигна во парискиот клуб во 2011 година, но не успеа да избори место во првиот состав.
Во јануари оваа година Лугано беше даден на позајмица на шпанскиот Малага, за кој одигра 11 натпревари во Примера дивизион.

No comments:
Post a Comment