CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 2 August 2013

ЈУНАЈТЕД МУ СЕ ИЗВИНИ СО ПИСМО НА ЕВЕРТОН ЗА МОЈС

-  Јунајтед се извини на Евертон заради Мојс

Евертон добие писмено извинување од Манчестер Јунајтед за начинот по кој поранешниот тренер на "карамелите" Дејвид Мојс беше донесен на работа на "Олд Трафорд". Раководството на "Гудисон Парк" до овој момент е луто на фактот дека три недели пред крајот на шампионатот во Премиер лигата "црвените ѓаволи" објавија дека Мојс ќе го замени Сер Алекс на менаџерскиот пост. Освен тоа Јунајтед неколку месеци пред тоа комуницирал со Дејвид, а сето тоа се одрази на резултатите на Евертон во нивната сезона во Премиер лигата.
Со писмото до Евертон, Јунајтед го достави своето извинување во обид да ги смири тензиите меѓу двата клуба, што може да прерасне во жалбена постапка од страна на "карамелите" до раководството на Премиер лигата.
Навредата на Евертон од своја страна влијаеше врз преговорите меѓу Евертон и шампионот на Англија во однос на дефанзивецот Лејтон Бејнс. Ако сега "црвените ѓаволи" сакаат да го земат дефанзивецот, тие ќе мора да потрошат сериозна сума за тоа.

No comments:

Post a Comment