CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 2 August 2013

ЛИОН ПОТВРДИ, ГОМИС ЌЕ ИГРА ЗА ЊУКАСЛ.

-  Договорено: Гомис ќе игра во Њукасл

Олимпик Лион постигна договор за трансферот на Бафетимби Гомис во Њукасл, потврдија од францускиот клуб.
Се очекува англискиот тим да плати околу 10 милиони евра за 27-годишниот напаѓач, кој реализираше 16 гола за Лион минатата сезона.
"Се надевам дека зделката ќе биде финализирана до 24 или 48 часа. Ќе добиеме осум милиони евра за Гомис, а два милиони ќе бидат распределени во вид на бонуси. Агентите исто така треба да ги финализираат преговорите", коментира претседателот на францускиот клуб Жан-Мишел Ола.
Бафетимби Гомис има одиграни 12 натпревари во дресот на француската репрезентација.
Напаѓачот ќе биде вкупно 11 и фудбалер со француски пасош во Њукасл.

No comments:

Post a Comment