- Кин: Мојс не е подготвен за оваа работа
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Рој Кин ги сподели впечатоци од досегашната работа на Дејвид Мојс во Манчестер Јунајтед и исто така ги предупреди љубителите на тимот, рекордер по титули во Премиер лигата на Англија, дека не треба да очекуваат брзи успеси од шкотскиот стручњак.
"Дејвид Мојс несомнено е добар менаџер кој многу умее и е храбар толку да се научи на многу нешта. Но јас нема да очекувам од него трофеи во неговата прва сезона во Манчестер Јунајтед. Мојс не е подготвен за оваа работа - никој не е подготвен за неа. Сер Алекс исто така не почна брилијантно. Ова прашање се сведува на искуство, кај Дејвид сè ќе дојде со времето. Тој не смее да биде подложен на притисок уште во првата година на неговата работа на "Олд Трафорд", изјави Кин.

No comments:
Post a Comment